46-годишниот скопјанец Ибраим Исмаили е убиениот во населбата Ченто

Убиениот бил во својот автомобил „мерцедес“, кога, како што наводно им изјавиле сведоците на истражителите, кон него пукале двајца мажи од автоматско оружје, облечени во темна облека. По убиството, тие избегале.

Ова убиство е извршено во непосредна близина на чајџилницата каде пред речиси три месеци беше убиен скопјанецот Џељо Ајети. И вчерашното убиство, како и тоа на Ајети, се извршени во радиус од 100 метри, со ист тип на оружје.

Од полицијата велат дека ги истражуваат двете убиства, односно дали постои нивна поврзаност или пак можеби станува збор за крвна одмазда.
За името на Ајети се поврзуваа неколку случаи на криминални пресметки, а неколку пати непознати се обидуваа да го убијат. Во неговата куќа беше пукано со ракетен фрлач, претходно експлодираа бомби под два негови автомобила, паркирани во дворот. Повеќе детали за вчерашното убиство МВР најави за во текот на денешниот ден.

Извор Плусинфо

Leave a Reply

Your email address will not be published.