32 години затвор доби кавадаречкото семејство Пецови за аферата „Керозин“

Сите 16 обвинети во случајот „Керозин“ се прогласени за виновни, а 15 од нив добија затворски казни од две до 12 години. Највисоката затворска казна е за првоовбинетиот Ангел Пецов, неговата сопруга Мариче Пецови е осудена на 11 години, а нивниот син третообвинетиот Љупчо Пецов е осуден на 9 години затвор.

Тројцата беа обвинети за злосторничко здружување и злоупотреба на службената положба и овластување, затајување данок и давање поткуп. Останатите 13 обвинети исто така беа прогласени за виновни и се осудени на казни кои се движат од една година и четири месеци до 7 ипол години затвор. Повеќето од нив остануваат во притвор до правосилност на пресудата.

Од шестмината возачи на цистерните највисока казна од 7,5 години доби четвртообвинетиот Љупчо Темов, а казните на останатите петмина возачи се движат од 3,5 години до 6 години. Условна пресуда има само за 16-обвинетиот, вработен во една од оштетените институции. Затвор од две години доби и единствениот обвинет кој ја призна вината, Славчо Милошевски.

Според обвинението, осудените ја направиле измамата користејќи идентични цистерни на кои им биле заменувани табличките, односно оние со нафтата која требала да биде испорачана се заменувале со други, кои имаат помалку нафта од потребното. При тоа биле оштетени околу 160 јавни институции меѓу кои Владата, Царинската управа, УЈП, министерства, општини, здравствени установи и градинки.

Фото Вечер

Извор Плусинфо 

Leave a Reply

Your email address will not be published.