3 најголеми телефони на планетата!

1. 7 инчниот Huawei MediaPad X1

Овој модел е навистина огромен, но помага фактот што има тенки рамки околу екранот. Во споредба со повеќето 7 инчни таблети, тие изгледаат драстично поголеми токму заради рамките. Телефонот поседува quad-core Kirin 910 процесор, 2GB RAM и 13 мегапикселна камера.

2. 7 инчниот BLU Studio 7.0

Овој телефон ни доаѓа од Мајами, САД. Доколку ви е потребен огромен телефон со ужасна резолуција (7 инчи и 1024 x 600 пиксели), тогаш ова е една од алтернативите. Поседува dual-core процесор кој работи на 1,2GHz, 1GB RAM и 5 мегапикселна задна камера.

3. 7 инчниот Celkon Xion s CT695

Уште еден Android тешкаш со голем екран, а мала резолуција (1024 x 600 пиксели). Телефонот со долгото име поседува dual-core MediaTek процесор, 1GB RAM и 5 мегапикселна камера.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.