29 имигранти мртви при преминување на Средоземното море

 

Осум метарските бранови, јакиот ветар и ниските температури биле кобни за триесетината од 150 имигранти од Африка јужно од Сахара кои на импровизирано средство за пловење испловиле од Либија со надеж дека ќе стигнат до Европа.

Во неделата попладне, додека сеуште биле близу лобиското крајбрежје повикале помош од италијанската крајбрежна стража по пат на сателитски телефон.

Трговскиот број кој бил во тој сектор тргнал во помош на избеглиците, а два моторни бродови на италијанската крајбрежна стража тргнале од островот Лампедусе и покрај невремето, изјавил Филипо Марини, портпарол на крајбрежната стража.

Кога дошле до пловилото, крајбрежната стража ги префрлила имигрантите на своите два брода. Седуммина од нив веќе биле смрзнати, а покрај напорите на медицинскиот персонал кој бил на италијанските бродови, повеќе од дваесет умреле како резултат на премрзнатост во текот на долгиот пат до Лампедус.

Медицинските извори на островот потврдиле дека на бродовите имало 29 тела.

Спасувачките екипи организирале превоз на имигрантите кои сеуште биле хипотермични се до Сицилија и на други подобро опремени места.

Зимата и лошото време не ги спречува имигрантите, главно од Либија, да тргнат на опасен пат кон Европа.

Во 2014 година, во Италија пристигнал рекорден број имигранти, повеќе од 170.000.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.