За Стево и ПАРТИЈАТА

Стево без ‘ч’ е моќно решение во борбата против двоглавиот противник, наспроти обидот да не потресат и растревожат да се смилуваме за Ѓорѓе. По втор пат. Такви сме зошто само такви сакаме да бидеме.

Стево треба да биде сламката, не да се спаси срамот што државата без него не би можела евентуално да избере претседател, туку надеж дека со него може да се спаси и претставува нешто што се нарекува држава.

Не би ни рекол дека тоа треба да биде враќање кон некаква нормалност, зошто сеуште во државата не сме се договориле, дали ја сакаме нормалноста која ќе ја спаси државата.

Не е срамота државата да не избере претседател и тоа е избор, но вака во случајот со Стево барем ќе се обидеме, при што Стево ако се решил да помогне треба да направи се да не не одврати.

Политичка одлука е партијата да ја обложат со оригинални симпатизери и отуѓени внатрешни елементи олитени за новата градба. По стандардот кој го прифатиле ги сметаат за ненормални, но корисни како такви. Ептен фурело, па требало да се зашититат некои кои по автоматизмот на членството во организацијата ќе бидат прогласени за луѓе штом падне изборот врз нив, за да можат да ја заштитат релевантноста која има изгледни шанси да биде легитимна, но вистинито добро – јалова и релативизирана до репризно исфрлање за кое нешто нема гаранција од кого би било изведено, не исклучувајќи ги своите. Во меѓувреме, ќе треба да ги заштитат интересите на партијата како таква и на останатата стока која се одзивала на повикот направен како за луѓе.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.