(Видео) Претседателот на Месниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ ми вети дека ќе бидам вработен

Перо и Татијана се од селото Миравци во близина на Гевгелија, и двајцата се невработени.
Перо Рујковски за “Ал Џезеира“ , изјавува “Јас, имав ветување од претседателот на Месниот Комитет на ВМРО ДПМНЕ, дека сум примен помеѓу оние 1600 вработени, уште месец дена пред да биде огласот објавен, но ништо од тоа не се случи“.

Дали ова се уште еден од механизмите кои се користени од страна на владејачката партија за време на Локалните Избори?
  Дали со оваа изјава на Перо Рујковски од с. Миравци гевгелиско се докажува колку е партизирано македонското општество? Дали изјавата на овој обичен и искрен македонски граѓанин ја покажа вистинската слика за која со години зборува и опозицијата и невладините организации кои се борат за заштита на човековите права?
  Дали ако имате членска книшка на ДПМНЕ тогаш имате некаква шанса за да бидете примени на работа, но ако немате, тогаш не ви преостанува ништо друго освен за заминете надвор од државата?
 

Leave a Reply

Your email address will not be published.