Проверки на здравјето кои можете да ги направите сами

“Постојат едноставни тестови кои можете да ги направите сами а кои можат да ви дадат битни информации за вашето здравје” вели Семјуел Џејкобсон специјалист по интензивна нега од Флорида.
Овие домашни тестови можат да се прават скоро секаде и секогаш, и имаат потенцијал да ја откријат болеста во раниот стадиум. Во некои случаи овие рани предупредувања би можеле да бидат од животно значење. Ако овие тестови ви укажат на некои симптоми задолжително посетете лекар.
НЕДОВОЛНО АКТИВНА ШТИТНА ЖЛЕЗДА (ХИПОТИРЕОИДИЗАМ)
Оваа сосотјба го успорува метаболизмот, што доведува до умор, зголемена тежина и други проблеми. Додека седите, префрлете ја едната нога преку другата, така што потколеницата ќе лежи на спротивното колено, ударете ја Ахиловата тетива – ткивото кое се наоѓа веднаш над петата во задниот дел на стопалото – остро со лажица. Зглобот би требало веднаш да се свие.
Закаснетата рекација може да покажува на хипотиреоза. Уште еден знак покажува на недоволно активна штитна жлезда: проверете го надворешниот краен дел од вашите веѓи (една третина од должината) “Ако над веѓите влакната почнале да се проретчуваат, ова сугерира на недоволно активна штитна жлезда” вели Др. Џејкоб Тајтелбаум.
ВАРЕЊЕ
Јадењето пченка може да ви каже колку време е потребно хранат да помине низ вашиот организам, бидејќи телот не може да ја свари надворешната обвивка на јадрото од пченката.
Задоцнетото варење може да укажува на синдром на иритабилни црева и гастроентритис. “Тоа би требало да трае од 12 – 36 часа – за храната да помине од устата до тоалетот” вели Др. Тајтелбаум. Ако поминатото време е многу побрзо или поспоро, а имате и други симптоми како болка во стомакот, би требало да посетите гастроентеролог.
АЛЦХАЈМЕРОВА БОЛЕСТ
Нацртајте часовник, запишете ги броевите на соодветните места. Кај луѓето кои ја имаат ова болест, овие цртежи често изгледаат чудно изобличени или со броеви напишани на несоодветни места.
Посета на неуролог може да потврди или да ја исклучи дијагнозата. Не паничете ако овој тест е позитивен. “Во голем број случаи, ова не е Алцхајмерова болест, туку нешто сосема безопасно” вели Др. Тејтелбаум.
ЗАБОЛУВАЊА НА ПЕРИФЕРНИТЕ АРТЕРИИ
Намалениот проток на крв во телото како последица на заболувања на периферните артерии може да се дијагностицира лежејќи на кревет, на грб, и со подигање на двете нозе до висина од 45 степени. Држете ги во таа положба две минути. Ако едната или двете нозе станат многу бледи, тоа може да значи лош проток на крв поради блокирани артерии.
СЛУХ
Брз начин да го тестирате слухот е да земете рачен часовник во рака и да одете во тивка просторија. Ставете го прстот во едното уво и држете го часовникот покрај другото, постепено оддалечувајќи го. Треба да бидете во состојба да го слушнете чукањето на часовникот на оддалеченост од должината на раката.
СРЦЕ
Неправилната работа на срцето, позната како артијална фибрација, значи дека имате пет пати повеќе шанси да доживеете мозочен удар. За да го тестирате ритамот на срцето, држете една од вашите раце со дланката свртена нагоре. Потоа ставете го показалецот и средниот прст од другата рака на внатрешната страна на рачниот зглоб во коренот на палецот, така што ќе можете да го осетите пулсот. Ударајте во ритамот на вашиот пулс со стопалото во подот една минута.
Ако оцените дека звукот кој го правите со стопалото е ритмичен, како часовник кој чука, се е во ред. Ако вашиот пулс има неправилен ритам треба да го посетите својот лекар.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.