Првата розова планета во вселената

Се работи за до сега најлесна егзопланета која астрономите ја откриле директно снимајќи ја длабоката вселена.

За нејзиното откривање заслужни се меѓународната екипа астрономи и телескопот Субару, сместен на Хаваите.

Оддалечена 57 милиони светлосни години, таа се наоѓа во соѕвездието на Девица и орбитира околу ѕвездата GJ 504, слична на нашето сонце.

„Кога би можеле да отпатуваме до оваа џиновска планета, би виделе вжарен свет со боја на темен цвет од цреша”, наведува Мајкл Мекелвејн, член на НАСА тимот што ја откри планетета.

Бојата на планетата се должи на топлината која од неа избива, а температурата на површината изнесува 230 степени Целзиусови, иако раздалеченоста од неа до нејзината ѕвезда е 44 поголема од онаа меѓу Земјата и Сонцето.

Токму тој факт го доведува во прашање настанувањето на џиновските планети.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.