(ВИДЕО) Италија ја совлада Јапонија

Иако јапонците имаа водство од 0:2 во првите 30. минути од средбата, сепак во продолжението ја прокоцкаа и на сопствени грешки, го загубија натпреварот.

Репрезентативците на Јапонија резултатот го отворија во 21. минута, откако Буфон беше невнимателен во шеснаесетникот на „азурите“, направи пенал а Хонда не погреши. На 0:2 зголеми играчот на Манчестер Јунајтед, Шинџи Кагава во 33. минута а само неколку минути подоцна, Италија се врати од мртвите откако Де Роси по асистенција на Андреа Пирло, успеја да намали на 1:2 во 41. минута.

Со овој резултат се замина на пауза а во вториот дел, следевме вистинска фудбалска драма. Во 50. минута со автоголот на Учида, Италија успеја да изедначи на 2:2 а само две минути подоцна, во 52. минута, капитенот Хасебе беше невнимателен откако играше со рака во својот шеснаесетник, главниот арбитар Диего Абал покажа на белата точка а напаѓачот на Росонерите, непогрешливиот Марио Балотели од белата точка го најави целосниот пресврт и го сврте резултатот на 3:2.

По пресвртот, јапонците ја преземаа целосната иницијатива на мечот и практично може да се каже дека ги притиснаа италијаните во својот шеснаесетник. Иницијативата се исплатеше во 69. минута, кога Оказаки по асистенција на Ендо по многуте шанси успеја да го матира Буфон и да изедначи на 3:3 а потоа, можеби делуваше како изненадување но Јапонија продолжи со нападите. Како главен херој на вечерта за Италија беше голманот Џиџи Буфон, кој се искупи за направениот пенал, откако спаси неколку топки и направи Италија да не забележи пораз, што на големо ќе ја искомпликуваше работата на избраниците на Прандели, кога се работеше за пласманот во наредната фаза.

Откако Јапонија не ги искористи своите шанси – казната пристигна. Победничкиот гол, Азурите го постигна во 86. минута преку Џовинко, кој беше одлично проигран од својот соиграч од Јувентус, Клаудио Маркизио а веднаш во наредниот напад, поточно во 88. минута, јапонците постигнаа гол преку Ушида но беше поништен поради офсајд.

Со оваа победа, италијанците се сигурен патник во 1/2 финалето, но дали ќе патуваат како првопласирани и ќе одат на Уругвај или Нигерија, или пак како второпласирани на големата Шпанија ќе се решава в сабота, кога во меѓусебен дуел за првата позиција ќе играат Италија и домаќинот Бразил.

 


 

 


ITA 0-2 JAP by Samusleep


ITA 1-2 JAP @ FB – Ourmatches by Ourmatches


Italy vs Japan 2:2 Uchida own goal by footballdaily1


ITA 3-2 JAP @ FB – Ourmatches by Ourmatches


Italy vs Japan 4:3 Giovinco by footballdaily1

Leave a Reply

Your email address will not be published.