16 лица убиени во самоубиствен бомбашки напад на мало девојче во Нигерија

– Атентаторот самоубиец, девојче на 12-годишна возраст, ја активира бомбата на пазарот во селото Вагир, во државата Јобе, изјави општински претставник.

Девојчето на пазарот пристигнало со мотоциклот, по што пеш отишло до најголемата толпа луѓе, каде ја активирало бомбата.

Нападот се случи само еден ден откако две девојчиња извршија самоубиствени напади во друг град во североисточна Нигерија, каде убија 32 лица.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападите, но властите се сомневаат во исламистичката терористичка група Боко Харам, која извршуваше слични напади во регионот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.