136 години затвор за Bradley Manning

Colonel Denise Lind, воениот судија кој претседаваше со судот, је донесе својата пресуда “Виновен, виновен, виновен,виновен” повтарајќи постојано.
Единсветна светла точка во овој мрачен исход е што тој не се смета за виновен за најсериозното обвинување против него – дека “ги потпомагал непријателите”, поконкретно АЛ-Каедна, со тоа што објавувал информации на страната на WikiLeaks кои освен за јавноста биле достапни и за непријателските групи.

Судијата исто така не го смета Manning за виновен за “протекувањето” на енкриптирана копија на видеото од нападот на американските воздухопловни сили врз провинцијата Farah во Афганистан каде загинаа многу цивили. Тимот за одбрана на Manning борбено се спротивставувал на тврдењето дека тој е виновен за објавување на ова видео, иако војникот кој го снимил истото подцна признал дека тој објавил неенкриптирана верзија од истото заедно со сите други документи во врска со тој настан.

Manning на крај е виновен за 17 од 22 обвиненија против него, и за уште четири со изменета верзија. 7 од осум обвиненија се за шпионања. По ова обвиненије тој се терети дека објавил Афганистански и Ирачки воени планови, информации од амбасадата и Гуантанамо фајловите “со причина дека тие информации би можеле да бидат искористени против САД како предност за било која странска нација”.
Manning исто така беше прогласен за виновен за “погрешно и безобзирно” објавување на Интернет информации кои припаѓаат на америкаснките интелегентни служби “земајќи во предвид дека тие информации објавени на Интернет се достапни и за непријателот”.

Пресудата беше осудена од приврзаниците коис е борат за човековите права. Директорот за интернационално право и политика на Amnesty International, Widney Brown, рекол: “Приоритетите на владата се наопаку. Владата на САД одбива да спроведе истрага за веродостојните обвинувања за тортура и други злодела според меѓународното право и покрај огромниот број докази. Но сепак решија да го обвинат Manning кој се чини се обидувал да ја нарпави исправната работа – да открие веродостојни докази за незаконското однесување на владата. Ги ставате под истрага и ги обвинувате кои го уништуваат кредибилитетот на Владата со тоа што е вклучена во дела како тортура која е забранета според Уставот на САД и Меѓународното право.”
Освен Manning, од оваа пресуда директно ќе биде засегнат и основачот на WikiLeaks, Julian Assange како и самата интернет странциа. Тие се под тајна истрага во Вирџинија со која треба да се утврди дали да се стават под обвинение за нивната улога во случајот на Manning.
 

Leave a Reply

Your email address will not be published.