115 работници од Неготино останаа без работа

115 работници од фабриката за кабли Неготино, некогашниот гигант, останаа без работа

Како последица на дисконтинуитетот во работењето, и нерентабилно производство, во август сите околу 120 работници од фабриката за кабли се пратени на колективен одмор со исплата на 70 проценти од плата. Поради необезбедување на финансиски услови за рентабилно производство на овој гигант од Неготино, не се продолжени договорите за работа.

Од Агенцијата за вработување потврдија дека на 115 лица им истекол договорот за вработување на определено време.

Во моментов фабриката за кабли Неготино има бугарски сопственик.

Извор СДК

Leave a Reply

Your email address will not be published.