Јанчев си исчисти пред општина, улиците во Кавадарци неисчистени!!!

Лавина од реакции од страна на жителите на општина Кавадарци и околината за лежерноста на оптината на чело со градоначалникот Митко Јанчев во делот на чистење и одржување на кавадаречките улици после обилниот снег кој и оваа година за жал сите нас не изненади.

Селективноста во чистењето на дел од улиците во Кавадарци придонесе голем број на граѓани својот револт да го искажат секој на свој начин. Многумина својот гнев го рефлектираа на лицето на ФБ страницата на градоначалникот Јанчев.

Ненавремено чистење на улиците, голомразица, без сол и песок како и скршеници на кавадарчани е епилогот од овогодинешниот снег на кој за жал многумина наместо да се израдуваат завршија на преглед во градската болница во Кавадарци. Од целото несработено во оваа насока од страна на локалната самоуправа на чело со Јанчев остана само фотогалеријата од чистењето на градскиот плоштад на која и ракоплескаат нековите полтрони.

Купувањето полички поени не остана незабележано од страна на локалната заедница. Многумина на овој полулистички потег на Јанчев каде со фото галерија се прикажува чистењето на градскиот плоштад, го демантираат со свои изјави каде реагираат за нечистење на останатиот дел од градот, каде скоро сите улици се замрзнати а целиот здравсвен цех го плаќааат кавадарчани на шалтер по болниците.

Дел од локалните села се тотално изолирани, наши сограѓани се комплетно изолирани од цивилизираниот свет иако се само десетина километри токму од градскиот плоштад и фото галеријата на Јанчев.

Кога општината на чело со ваков градоначалник не сака да им излезе во пресрет на своите сограѓани, истите тие сами се организираат и од свој џеб собираат пари за купување сол и песок за да го расфрлат на улиците на кои живеат.

Деновиве, Кавадарци е замрзнат град. Најважен настан во изолирано Кавадарци е што Јанчев закрои.