Четири репрезентативци од КК “СПОРТИСИМО” во младинските кошаркарски селекции

Кошаркарскиот клуб СПОРТИСИМО од Кавадарци продолжува со својата традиција, како “расадник” за млади кошаркари и оваа година од оваа школа имаме дури 4 македонски репрезентативци.

Андреј Чадамов е селектиран во репрезентацијата до 15 години, која во своите подготовки одигра два натпревари со селекцијата на Србија. Македонската М15 репрезентација ѝ се реваншираше на Србија за првиот пораз и со победа од 81-80 го заврши дводневниот престој во Краљево.

Во М13 репрезентација , селектирани се 3 кошаркари од Кавадарци, сите тројца се членови на КК ” СПОРТИСИМО”. Селективниот тренинг се одржа на 19. јуни, во двете сали во Спортско рекреативен центар „Кале“ за годишниот национален спортски камп на КФСМ, кој е дел од партнерскиот проект со ФИБА, насловен „Развој на играчи до 13 години”. По завршување на селективните тренинзи, познати се конечните листи со учесници:

Селекција 2008 машки :

1, Жарко Терзиевски (Вардар)

2. Алексеј Нешoвиќ (Вардар)

3. Глигориј Ѓорѓевиќ (Вардар)

4. Дамјан Данев (Вардар)

5. Лука Пјевац (Вардар)

6. Ѓорѓи Цветковски (Навико Академија ФМП)

7. Христијан Миленковиќ (Спортисимо-Кавадарци)

8. Андреј Митков (Спортисимо-Кавадарци)

9. Иван Мијалов (Дино баскет-Кочани)

10. Лео Созовски (Јуниор-Битола)

11. Дамјан Стојановски (Вибас)

12. Јован Иванов (Спортисимо-Кавадарци).

Стручната, посветена и напорна работа на тренерскиот тим на КК “СПОРТИСИМО” во состав Мирослав Златески, Марјанчо Јанкулов и помладите Ѓорѓи Илов и Стојанче Мишков во континиутет бруси и произведува младински кошаркарски репрезентативци.