(ВИДЕО) СПОРТИСИМО убедлив (104:39) против ЕУРО НИКЕЛ, 3 од 3 за младите кавадаречки надежи!

Кошаркарите на Спортисимо во категоријата до 14 години (М14) оваа календарска година ја завршија со победа. На последниот натпревар за 2021, кавадарчани беа подобри во тиквешкото дерби совладувајќи ги своите врсници од екипата на Еуро Никел 2005 со резултат 104:39.  

Еден доста рутиниран натпревар за публиката во спортската сала „Партизан“ во Кавадарци. Уште во првата четвртина играчите на Спортисимо преку Митков, Миленовиќ и Иванов најавија дека крајниот резултат ќе оди во голема полза за гостинската екипа на Спортисимо.

Кошаркарите на Спортисимо го добија првиот период со повеќе од солидни (5:38)

Во втората четвртина тренерот Мирослав Златевски им даде шанса на помладите кошаркари. Екипата на Еуро Никел 2005 заигра малку подобро но скоро и сите кошаркари кај Спортисимо влегоа во свој елемент добивајќи ја и втората четвртина (15:29). На полувреме се замина со резултат 20:67.

Уште повисока беше разликата по три одиграни четвртини (29:89), а на клупата на Спортисимо веќе започнаа да ја слават третата победа во низа.

Последната четвртина заврши (10:15) во полза на гостите за потврда на комплетната доминација на оваа генерација кошаркари на Спортисимо во целиот тиквешки регион.

Без малку сите кошаркари кај Спортисимо се запишаа во листата на стрелците: Иванов 30, Миленовиќ 27 и Митков 13 поени беа лидери на натпреварот. Покрај нив кај Спортисимо поени постигнаа и Ристовски 8, Димов 8, Петров 7, Бебеџаков 7 и Арсов 4 поени.

Кај Еуро Никел 2005, Петрески беше најефикасен со 12 поени, потоа Ацев 6, Тотов 5, Самарџиев 5, Мукаетов 4, Ласков 4, Костов 2 и Стојанов 1. Најинтересните моменти од целиот натпревар може да ги погледнете од видеото.