(ВИДЕО) Сачмо: “Претседателот на кавадаречкиот совет, Ристо Сакалиев, го блокира мојот скромен проект додека на “своите” карате клубови им поделил преку 700.000 денари”

Бранко Трајковски – Сачмо, поранешен спортски новинар, добро познат на кавадаречката и поширока јавност, отворено говори како претседателот на совет на општина Кавадарци, Ристо Сакалиев, го оспорува одобрувањето на финансиската помош за проектот “СПОРТСКИ ВРЕМЕПЛОВ”, иако целата постапка е помината позитивно кај комисијата за спорт во општина Кавадарци.

Од друга страна пак, Трајковски вели дека Сакалиев тенденциозно одобрувал огромни суми на финансиска помош на “негови” локални карате клубови.

Ова не е само мој проблем, само моја борба, ова е и за сите идни генерации на музичари, уметници, спортисти… Да знае јавноста за нашите интелектуалци какви политичари треба да им го одобрат или оспорат креирањето и творењето во општина Кавадарци. Да не се чудиме потоа зошто младите заминувале настрана.

Бранко Трајковски

Веќе подолго време Трајковски се бори својот спортски проект  “СПОРТСКИ ВРЕМЕПЛОВ” да се реализира преку неговата богата архива на видео записи од кавадаречкиот спорт. Проектот е одобрен од сите советници во совет на општина Кавадарци. Градоначалникот Митко Јанчев се изјаснил како немоќен во оваа ситуација.

Ристо Сакалиев треба да разбере дека никаде во светот не постои таква тезга, бутик или продавница каде што може да влезете и речете: “Ве молам дајте ми 50 VHS касети од историјата на кавадаречкиот спорт”. Такво нешто нема никаде. Само јас го имам тоа во оваа општина од 40.000 жители.

Бранко Трајковски

На иницијатива на г-нот Бранко Трајковски, екипа од МОЈОТ ГРАД отиде во неговиот дом. Подетално што имаше да каже погледнете од видеото.