Од “Дрекслмајер” ги отфрлуваат шпекулациите дека компанијата ќе се затвора

Од компанијата велат дека соработката продолжува и понатаму

Веднаш откако во јавноста проструи веста дека во наредните неколку месеци компанијата “Дрекслмајер” ќе биде затворена, од менаџментот со соопштение до јавноста дека станува збор за шпекулација а фабриката продолжува со работа.

„Горди сме што во Кавадарци имаме Дрекслмајер фабрика која испорачува производ со врвен квалитет на нашиот клиент во Германија. Драго ни е што работиме и на нов производ за електричен автомобил, со што сигурно чекориме понатаму. Благодарни сме за досегашниот ангажман на сите наши вработени и остануваме фокусирани на истата цел и понатаму. Доброто на нашите вработени останува врвен приоритет за нашата компанија“, изјави Лукас Мурингер, генерален директор на ДММ Дрекслмајер Мануфактуринг Македонија ДООЕЛ, Кавадарци. Во продолжение цело соопштение:

Со над пет илјади вработени и производ за премиум сегмент во автомобилската индустрија, компанијата Дрекслмајер е активна во тиквешкиот регион.
Германската компанија DRÄXLMAIER Group во 2012 година ја основа ДММ Дрекслмајер Мануфактуринг Македонија ДООЕЛ, Кавадарци. Компанијата изработува комплетен кабелски сет за врвен автомобилски производител и со квалитетeн производ ја стекна довербата кај нашиот клиент.
 
Уште во првите неколку години Дрекслмајер забележа голем раст и го зголеми бројот на вработени од неколку стотини на преку четири илјади вработени. Во моментот, во фабриката во Кавадарци работат над пет илјади вработени.
 
Како долгорочен партнер на регионот соработуваме и ги користиме услугите на над шестотини домашни фирми. Годишниот обрт со домашните компании изнесува над десет милиони евра.
 
Дрексмлајер во земјата е водечка компанија во областа на дуалниот модел на образование и во соработка со Делегацијата на германското стопанство и Министерството за образование го спроведува дуалниот концепт според германски стандарди.
 
Согласно визијата и мисијата на DRÄXLMAIER Group, поддржуваме проекти од пошироко општествено значење и според нашиот донациски план поддржуваме проекти од областа на образованието, културата, спортот како и бројни социјални активности.
 
„Горди сме што во Кавадарци имаме Дрекслмајер фабрика која испорачува производ со врвен квалитет на нашиот клиент во Германија. Драго ни е што работиме и на нов производ за електричен автомобил, со што сигурно чекориме понатаму. Благодарни сме за досегашниот ангажман на сите наши вработени и остануваме фокусирани на истата цел и понатаму. Доброто на нашите вработени останува врвен приоритет за нашата компанија“, – Лукас Мирингер, генерален директор на ДММ Дрекслмајер Мануфактуринг Македонија ДООЕЛ, Кавадарци.