Некаде после полноќ 17 годишник беше избоден од 18 годишник

пишува Борче Стаменов

Некаде после полноќ 17 годишник беше избоден од 18 годишник. Починал за кратко. Не видов некоа посебна галама по медиуми и социјални мрежи. Исто како никогаш да не се случило. Исто како тоа да е нормална работа.

Во нормална земја каде институциите функцкионираат ќе се запалеше црвениот аларм. Ама нас ни е поважно кој како нарекол и со тоа го дрвиме еве речиси цел еден ден. Се на се видов два статуса во кои се спомна ова, мојов е трет.

И да сме на чисто ама ич не го оправдувам Зоки у вчерашното интервју. И ја сум бил изнервиран на работа ама нервозите и фрустрациите ги оставам дома. Дома имам една огромна перница шо понекоаш кога си идам од работа ја тепам. Разликата помеѓу мене и него е шо ја сум обично копито, мојот збор и неговиот немаат баш иста тежина. Он е Премиер на држава и без разлика у кој смисол го искористил изразот, едноставно нема оправдување. Оти па и у такво време живееме, секој е навреден од нешто и треба да се внимава на зборовите и нивната порака. А децата ги испуштивте од раце. Стануваат се по агресивни. Раздразливи и од најмала работа. Наместо да учат и образованието да го завршуваат со знаење, тие очекуваат тато и мама да средат работа. Се шетаат со ножеви и пиштоли по град.

Ова генерализирам, нормално исклучоци секоаш има. Се чудам навечер коа се прибирам дома шо кур бараат тие малолетни деца у 2-3 после полноќ, облечени недолично за годините и дремат по клупи и темни улички?

Ете лани на пример едно курле од 12-13 години ничим изазвано ми отера се по список. Додека другарите го држеа да не ме претепа, помислив шо родители има тоа дете? И тоа чисто поради тоа шо случајно минував по улица. Гледаат ли родителите дека им го го нема детето у 3 сабајле или се зафатени со постирање слики од одморот? Разбирам дека во такво општество дочекаа да живеат ама другови секое воспитување прво и прво од дома доаѓа.

Да се биде умерено строг родител ама ич не значи дека детето не си го сакате. Еден ден, коа ќе му преработи мозочето, ќе разбере зошто сте биле такви. И затоа додека живеат под ваш кров и не стигнале до добата на полнолетство, ваша работа е во секој момент да знаете каде е, со кој е, кои му се лозинките од социјални мрежи и ред други работи кои можеби вас ќе ве направат гомно во неговите очи, ама него ќе го оддржат живо. Оти општеството сме ние. Какви граѓани, такво општество. 
– Ти Боро немаш деца и немаш право да коментираш на темата. 
Ок.

(фејсбук статус на авторот)