(ВИДЕО)Невидено!!! Јанчев го критикува Заев, бара да се врати диктаторот Груевски???

Зачудувачка изјава на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев како гостин во емисијата Студио 10 кај Мишко Иванов на телевизија 24 вести. Јанчев одговара на серија прашања од повеќе области, во неколку наврати изнесувајќи невистини.

На едно од прашањата Јанчев направи споредба меѓу Заев и Груевски. Кавадаречкиот градоначалник во заминување, изјави дека Груевски бил многу подобар финансиски менаџер и имал подобар менаџерски тим.

Во времето на владеењето на Груевски, додека на Кавадарци градоначалник беше Александар Панов, Кавадарци беше слепо црево во Македонија во делот на државни директни финансиски инвестиции во повеќе сектори а посебно во делот на инфраструктурата. Последниве години, посебно откако токму Јанчев седна на градоначалничката фотеља, големи суми на државни пари се инвестирани во Кавадарци токму од владата предводена од Заев, во делот на патишта, градинки, пешачки зони и уште многу други огромни проекти, додека пријателот на Јанчев троши украдени народни пари во Будимпешта.

На ова детинеста изјава, водителот го праша можеби Јанчев сака диктаротот Груевски и неговиот режим да се врати повторно на власт. Погледнете како Јанчев дава “изјави од ракав” по македонските медиуми.