Млади од Росоман бараат од надлежните да ги активираат рефлекторите на спортското игралиште

Рекреативци и спортисти од општина Росоман апелираат до надлежните институции да ги вратат во фунција рефлекторите на спортското игралиште во оваа општина.

Спортското игралиште е место каде во попладневните часови младите од Росоман слободните активности ги поминуваат заедно преку спорт и рекреација на овие терени. Рефлекторите се надвор од употреба, а деновиве и јавно се обратиле до надлежните да се реши проблемот. И натаму нема реакција од локалната самоуправа.

Го повикуваме градоначалникот на општина Росоман, Бранко Јанев, заедно со советот на оваа општина да го решат овој минорен а сепак многу значаен проблем за младите росоманци. Росоман очекува позитивна реакција од надлежните.