Министерот Димковски ги врачи првите решенија за упис на членовите на здружението “Тиквешки Семејни Винарии”

Трајан Димковски, Министерот земјоделство, шумарство и водостопанство денеска во посета на Кавадарци додели решенија на семејни винарии за упис во регистарот на производители на вино.

Денеска, во Кавадарци ги врачив првите решенија за упис на членовите на здружението “Тиквешки Семејни Винарии” кои први поднесоа барања за регистрација. Денеска тие го искажаа своето задоволство од сите законски измени кои ги направивме како Влада и министерство, бидејќи на тој начин сме им помогнале да ја остварат својата визија. Им посакувам нивните вина да го освојат светот. ” – изјави министерот за земјоделие Трајан Димковски.

Трајан Димковски во посета на Кавадарци додели решенија на семејни винарии за упис во регистарот на производители на вино

Оваа посета во Кавадарци од страна на министерот е резултат на минатонеделните поднесени барања на малите семејни винарии од Кавадарци за упис во регистерот на производители на вино. Со измената на Правилникот за висината на надоместокот за извршените работи на Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ) се олеснија условите за упис во регистарот на производители на вино на физички лица и мали винарски визби. Малите винарници со капацитет на преработка и чување на вино до 30.000 литри годишно, наместо да плаќаат 10.000 денари надоместок за регистрација сега ќе плаќаат само 1.500 денари, а за големите винарски визби со капацитет на преработка и чување на вино над 30.000 литри надоместокот е намален за половина, односно тие ќе плаќаат 5.000 денари годишно.

Намалувањето на трошоците за регистрација беше мотивација за многу физички лица кои во домашни услови произведуваат вино, да почнат да се регистрираат во регистарот на производители на вино, а со тоа на легален начин, можат да го пуштат во промет.” – изјави министерот.

Оваа мерка е во согласност со Законот за државен инспекторат за земјоделство и има за цел да им овозможи на малите винарници да плаќаат понизок надоместок од оној кој го плаќаат големите винарнии кои произведуваат поголеми количини и кои остваруваат голем профит.

Најголемата тајна на вкусовите на македонските вина е Сонцето кое му дава специфика на секое зрно грозје и придонесува за производство на комплексни вина со изразена ароматичност и карактер, а токму во тиквешкиот ргион, благодарение на сонцето се одгледуваат многу лозови насади и се произведуваат едни од најубавите вина кај нас. ” – порача Димковски.