Кошаркарски Спорт Клуб спектакл во Кавадарци!!!!!!!

Минатата година Спорт Клуб го реализира регионалниот турнир во кошарка baSKet4kids. Учесниците беа млади играчи до 12-годишна возраст од цела ЕКС-ЈУ држава, заедно со своите клубови и кошаркарски школи. Финалниот турнир се одржа во Белград и беа поканети победниците на Ф4 турнирите на сите земји вклучувајќи ја и екипата на Вардар како претставник на Македонија.

Оваа година ќе учествуваат повеќе од 170 екипи. Во Македонија ќе се одржат квалификациски регионални турнири, во Кавадарци, Битола и Скопје.

Во Кавадарци, Спорт Клуб ова престижно натпреварување и организација му го додели на кошаркарската школа “Спортисимо” кои воедно беа и минатогодишни регионални победници и учесници на Ф4 кој се одржа во Скопје.

Турнирот ќе се одржи на 27. 09. 2019 г (петок) во спортската сала ЈАСМИН во Кавадарци со почеток од 10 часот. На турнирот ќе учествуваат следните екипи:

КК СПОРТИСИМО -КАВАДАРЦИ
КК ПЕТРОВСКИ – БИТОЛА
КК ЈУНИОР БАСКЕТ- БИТОЛА
МЛАДОСТ – БИТОЛА
КК БОРЕЦ – ВЕЛЕС
КК ПРИМА -БАСКЕТ ГЕВГЕЛИЈА
Во женска конкуренција екипите на МЛАДОСТ од Битола и екипата од Струга.

Кошаркарски спекакл во Кавадарци со Спортклуб и Спортисимо