Извршителите ќе протестираат, ќе им се намалат премиите!

Извршителите ќе штрајкуваат. Причина за ваквиот потег е намалување на премиите кои ги добиваат од соголување на сопствениот народ.

Министерката за правда, Рената Дескоска, ќе им ги намали максималните награди од 1000 евра на 300 евра при извршување кога ќе ги празнат сметките на граѓаните.

Измените во Тарифникот кои ги предложила Дескоска ќе одат во прилог на граѓаните и истите се очекува да се усвојат по брза постапка.

Овие предлог измени се резултат на неколкуте граѓански протести против извршителите изминатиот период. На некои граѓани им беа наплатувани и по неколку илјади денари за заборавен долг од два денари.

Овие 13 години од кога постојат извршителите наплатиле 1,2 милијарди евра од македонските граѓани и компании.  Штрајкот е закажан за утре.