ЕУРОНИКЕЛ го “нанижа” петтиот пораз во низа!

Екипата на КК Еуроникел го забележа и 5-тиот пораз по ред, овојпат на гостувањето кај Кожув во Гевгелија со резултат 86:79.

Во еден крајно неизвесен натпревар гостинската екипа замина на полувреме со 8 поени разлика, 40:48. Во второто полувреме тренерот на домашната екипа Павле Николов ги консолидира своите редови и понесени од еуфоријата која ја приредија домашните навивачи го завртија натпреварот во своја полза земајќи ја третата четвртина со 28:15. Во последниот период се играше кош за кош со што домаќините рутинирано го доведоа натпреварот до крај со нова победа.

Кај домашната екипа Николовски и Вилијамс постигнаа по 28 поени, додека во екипата на Еуроникел Соколов и Томиќ постигнаа по 22 поени.

Со овој пораз кавадарчани се на долниот дел на табелата. Во наредното коло на 13.11.2021 со почеток од 18 часот екипата на Еуроникел на домашен терен во спортската сала “Јасмин” ја пречекува екипата на Феникс 2010, додека Кожув гостува кај екипата на Куманово.