Двајца кавадарчани во втора фаза од селектирање за влез во кошаркарскиот национален тим

Младите кошаркари Христијан Миленовиќ и Андреј Митков од КК “СПОРТИСИМО” од Кавадарци меѓу најдобрите 15

Започна кампот за млади и перспективни кошаркарски таленти кој се реализира наредните седум дена во Маврово. Првиот филтер на селективните тренинзи го поминаа двајца млади кошаркари од КК “СПОРТИСИМО” од Кавадарци, Христијан Миленовиќ и Андреј Митков од селекцијата М12 кои се родени 2008 година.

Во изминатиот период, кандидатите од сите клубови за место во најмладите репрезентативни селекции во машка и во женска конкуренција напорно работеа во СРЦ „Кале“. Тренерите одбраа по 15 кошаркари кои ќе бидат дел од кампот во Маврово кој стартуваше вчера, а чиј главен тренер-координатор е нашиот познат кошаркарски стручњак, Тане Спасев (тренер во полска Легија ).

„Во овој период на престој во Маврово, планираме да реализираме 12 практични тренинзи. Или по два тренинзи во шест дена, кои во најголем дел ќе бидат посветени на индивидуална техника и тактика, со фокус на основните елементи во кошарката. Ќе работиме според системот на ротациска/стационарна работа, со 7-8 играчи во група, или 15 во групи, како што е првичната замисла на кампот“ – вели 43. годишниот стратег.

Во составот Селекција М12 во машка категорија се Жарко Терзиевски, Лео Созовски, Филип Алексовски, Иван Мијалов, Христијан Миленовиќ – КК “СПОРТИСИМО”, Григориј Ѓорѓев, Ѓорѓи Цветковски, Дарјан Златески, Дамјан Данев, Лука Пјевац, Андреј Митков – КК “СПОРТИСИМО”, Дамјан Стојаноски, Кирил Петковски, Љубен Ефтимовски и Алексеј Нешовиќ.

ТРЕНЕРИ: Драган Василов, Марјан Ѓуров и Мартин Атанасовски.