Дали Зоран Јованчев и Гоце Ангеловски се одговорни за изборен криминал на ДПМНЕ во Кавадарци???!!!

Зоран Јованчев како претседател и кандидат за пратеник заедно со Гоце Ангеловски секретар на општинската организација на ДПМНЕ од Кавадарци сеуште молчат за целодневниот партиски изборен криминал кој се случи во Кавадарци а беше потврден и од Министерството за внатрешни работи со кое раководи Наќе Чулев.

Неколкумина членови на избирачки одбори, активисти на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци фотографирале избирачки списоци и истите ги споделувале во Вибер група за да се врши притисок кон нивните членови да излезат на гласање.

Лицата кои се осомничени се повикани во полициската станица,  поради сомнежи за организирање изборни нерегуларности. Оваа вест ја потврди и Министерството за внатресни работи каде прв човек е Наќе Чулев од ДПМНЕ, а ја сподели со јавноста портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.

Изборниот криминал се случувал на гласачко место во ООУ „Димката Ангелов Габерот“ во Кавадарци.

Досега ниту претседателот Зоран Јованчев ниту секретарот Ангеловски ниту пак било кој излегол на прес да потврди/демантира за овој криминал. Многумина од партијата обвинуваат дека осомничените се фрлени низводно за да се зачуваат фотељите на неколкумина. Се повикува на одговорност на високи членови на ДПМНЕ во Кавадарци.

Останува традицијата членови и активисти на ДПМНЕ да скапуваат зад решетки бранејќи ги криминалите на високите партиски функционери.