Го сонувам гроздоберот…

пишува Бранко Трајковски – Сачмо

Слушај ваму…сон шо сум сонуел… у пи..у матер (еве набрзина ќе го излафам).

Го сонувам Гроздоберот… Инаку последен пат го сонував пред 15-16 години кога сакаше да ме настапе еден слон шо беше у поворката на карневалот, а сакаше да ме настапе. Спискав и срипав од креветот, сет испотен и си викам: “Добро е, у п.м…сон било…”

Синоќа пак после 16 години а сонувам поворката на карневалот. Јас застанат кај Стопанска, се подигам на прсти, ѕиркам да видам дали идат… А на плоштадот се до (првиот) кружен тек, теже од Народ, се Лозари. Арно ама сите клечат на колена и главите надолу (сон… еби а мајка му). И му велам: “А бре Луѓе, Лозари, станете ова е ваш ден, ваш празник”.

Еден стар Лозар кој клечеше со својот син (млад лозар) ми вели налутено: “Жими стапот наш празник”.

Во меѓувреме поворката се доближи. Најнапред врви трактор со регистарски таблички В.В. Црвена Звезда бб БГ. И гледам на едно буре на кое пишува “ТИ-КВА” седи еден моќен КУТЛАЧ. Не, не беше Богот Бахус…Мене ми заличи како на Менаџер – Кутлач. На едната страна беше навален на ЛАМЈАТА – мулљачот на Велковци, а во другата го држеше стариот мерач за малигани исто од Велковци, а околу него неколку претставници од СЕНАТОТ го пафкат со големи лисја – како на времето Ј. Цезар…(сон е.и а мајка му).

И кога дојде тракторот со Фараонот менаџер до стопанска, малку се подигна, прдна и извика: “Драги мои РОБО-ЛОЗАРИ, нека ви е со среќа”.

И пак како пред 15-16 години срипав, цел жива вода, испотен и не го дослушав со кажа ТИПОТ. Не знам шо е полошо, Слон да те згазне или Фараон да ти го акне. Ич не знам сонови да толкувам но се ми се чини ако по сонот – бербата се познава, мои драги сограѓани – ЛОЗАРИ, НА ЈЕ БА ЛИ смо…