ГОРАН ТОДОРОВ РЕ-ИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОО СДСМ КАВАДАРЦИ

ОО на СДСМ Кавадарци со старо-нов претседател. Горан Тодоров го започнува својот втор мандат.

Горан Тодоров е реизбран за претседател на Општинската Организација на СДСМ во Кавадарци. Како што беше и претходно најавено и од премиерот Зоран Заев, во сите општини ќе има промени на раководните позиции во општинските организации на СДСМ. Во Кавадарци Тодоров го продолжува менаџирањето а има и најави за промени во раководните тела.

Тодоров е дипломиран инжинер по индустриска логистика и работи како раководител на производство во компанијата Кодинг Горска. Претходно беше член на Извршниот Одбор на СДСМ Кавадарци и шеф на општинскиот изборен штаб на СДСМ Кавадарци.