ВМРО-ДПМНЕ: “Митко Јанчев е багаж во партијата, неговото време е завршено”

Претставници и функционери на високи позиции во ДПМНЕ се почесто со свои изјави преку социјалните мрежи дека поранешниот потпретседател на оваа партија и градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев, нема апсолутно никакви шанси за влез во билло каква трка за прв човек на партијата. Според многумина, Јанчев е багаж од кој допрва треба да се ослободат заедно со неговиот пријател Никола Тодоров. Последен од низата јавни критики е Ивица Томовски од ДПМНЕ.

Митко Јанчев, нов ама изгорен во политиката. Изгорен од неговиот ментор и политички гуру Никола Тодоров. Човекот кој и кога кажува став се јавува уште пред тој да излезе во медиумите да каже дека така морал и не е баш така како што ќе биде толкуван. Гуру му е Тодоров, а близок пријател Вице Заев. И во едно ќе се согласам, на ВМРО-ДПМНЕ му треба катарза и рестарт, а тоа е од ваквиот багаж поради кој народот мисли дека сите сме исти. Епа не сме. Вашето заврши, доаѓа ново време.