(ВИДЕО) СОВЕТНИЦИ ОД КАВАДАРЦИ ДРПАТ ПАРИ ОД Р. СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА А СЕ ПРОТИВ НЕЈЗИНОТО ИМЕ!

Жестока дебата на седница на совет на општина Кавадарци и тоа по првата точка на дневен ред каде требаше да се изгласа одлука за измена и дополнување на статутот на општина Кавадарци.

За оваа одлука советниците на ДПМНЕ беа против изјаснувајќи се дека нема да гласаат во статутот да се внесе поимот Северна Македонија.

Реплицираше советничката група од СДСМ каде посочија дека советниците од ДПМНЕ се лажни патриоти. Ако не им оди во прилог промената во тој случај зошто сеуште земаат бенефиции, пари и плати од буџетот на Република Северна Македонија?

Околу 80% од раководните позиции на јавни институции во општина Кавадарци ги водат припадници од ДПМНЕ. Ним не им смета што на официјалните документи за заверка на самиот печат стои Република Северна Македонија.

Збор зема и градоначалникот Јанчев кој мораше да се повика на уставот на Р. Северна Македонија кој мора да го почитуваме. Според него промената на името е завршена работа и локалната самоуправа нема баш никакви ингеренции за било какви интервенции. Ги просветли набрзина советниците од ДПМНЕ и расправата се продолжи кон втората точка од дневниот ред.