Зошто Унгарската Влада води војна против цивилното општество?

Унгарскиот премиер Виктор Орбан има многу да научи за политичката репресија од претседателот Путин, но барем е на вистинскиот пат. Во текот на неговиот прв мандат тој го претстави Системот за национална соработка, протуркувајќи конституционални измени кои го заслабуваат балансот на демократијата, носејќи ја инститционалната корупција до невидено ниво. Тој ги донесе независните институции и најголем дел од медиумите под контрола на владата, и го измени избирачкиот систем во полза на владеачката партија. Покрај слабостите на опозоцијата, овие измени направија значаен допринос во убедливата победа на неговата партија на изборите во април.

Се чини дека следниот таргет на владеачката елита е независното, критичко, цивилно општество. Како и во Русија, про – владините коментатори започнаа негативна кампања против критичките НВО организации финансирани од страна на интернационални донатори. Ги обвинуваат дека се агенти кои работат за странските моќници. Политичкото несогласување често е осудено како непатриотско, преку пресови на владата кои го етикетираат секој критицизам како “напад против Унгарија”, “финансиран од Џорџ Сорос”.

Реторичката офанзива е проследена и со административни малтретирања, преку обидите на владата да ги отстрани независните НВО од нивните интернационални фондови. Покрај Фондацијата отворено општество на Џорџ Сосрос, најиритирачка за владата на Орбан се НВО фондовите управувани од страна на ЕЕА и Норвешките гранотви. ЕЕА и Норвешките грантови се финансиски допринос од Норвешка, Исланд и Лихтенштајн со цел да се редуцираат економските и социјалните диспаритети во Европската економска област (ЕЕА). Норвешката влада ги прекина плаќањата преку овие грантови во Мај 2014 година, како резултат на кршењето на договорот за имплементација и мониторинг на Грантовата шема од страна на Унгарија. Но не ги суспендираа фондовите наменети за НВО организациите, кои се менаџерани од страна на независен НВО конзорциум, а не од страна на Владата. 

Како знак на одмазда, претседателот на кабинетот, Јанош Лазар, испрати отворено писмо до Норвешката влада, обвинувајќи ја за мешање во унгарската политика преку финансирање на НВО организациите кои, како што тврди тој, имаат поврзаност со опозиционите партии. Тој ја овласти Владината канцеларија за контрола (KEHI) да започне истрага против НВО кои примаат фондови од страна на Норвешките НВО грантови. Најдобар доказ дека оваа истрага е политички мотивирана е дека KEHI повторно издаде статија на својата интернет страница, твдејќи дека “Лево – либералите” и “геј лобито” стојат зад Норвешките НВО Фондови. Ако НВО организациите одбијат да соработуваат со KEHI, ризикуваат суспензија на своите даночни броеви; на подолг рок, го ризикуваат своето институционално постоење. Норвешката влада – наскоро заедно со влдата на САД – изрази сериозна грижа поради овие процедури. 

Неколку унгарски НВО се корисници на гранотви од Норвешките НВО фондови, за зацврстување на развојот на цивилното општество и зголемување на нивниот уддел во социјалната правда, демократијата и одржливиот развој. Да, најголем дел од овие организации беа мета на најжестоките критики од страна на анти – демократското движење на владата на Г-динот Орбан; но тие не се марионети на опозиционите партии, како што тврди Г-динот Лазар: повеќето беа подеднакво критички настроени и кон претходната администрација. На пример, мојата организација, Унгарската унија за цивилни слободи (HCLU) му обезбеди легално застапување лично на Г-динот Орбан во 2007 година, кога владата на Социјалистите поднесе обсурдна тужба за клевета против него. Ние бевме финансирани од истите донатори, во таа прилика, но тој ја прифати нашата помош без никакви скрупули. Ние се бориме за истите цели и принципи, без разлика на владите кои доаѓаат и си одат. 

Истото ова не може да се каже за оние ‘цивилно општествени’ организации кои добиваат огромни исплати од владата за да организираат митинзи за подршка на владата, или да водат сомнителни кампањи против опозицијата во текот на избирачката кампања. Најдобар пример за ова е така наречениот Форум за цивилна кооперација (COF), предводен од Ласло Чизмадиа, кој ‘случајно’ е и претседател на Фондот на национална соработка (NEA), владиното тело за обезбедување грантови. Чизмадиа е еден од организаторите на така наречениот “Марш за слобода”, масивен митинг со десетици илјади луѓе, кој започнува од руралната средина се до главниот град и каде се демонстрира подршка за владата. Неговиот ФОнд за национална соработка доделува грантови на организации предводени од политичари членови на владеачката партија, како и на про – владини медиуми.

Неверојатно е дека владините политичари навистина веруваат во својата приказна, дека НВО организации кои се борат за човекови права конспирираат против својата нација. Еден од вистинските мотиви зад нивните постојани енергични напади е желбата да се доведат сите аспекти од животот под директна контрола на владата, преку елиминирање, или барем ослабување, на сите извори на финансирање кои не се контролирани од нивна страна.. донаторите како што е Фондацијата отворено општество или Норвешкиот НВО фонд обезбедуваат уникатна можност за растење и градење на партнерство на НВО организациите – јако цивилно општество способно да катализира отпор против прекршување на човековите права и правејќи ја владата потранспарентна и пресметлива. Г-динот Орбан, и самиот некогаш корисник на Сорос, сфати дека јакото цивилно општество најверојатно ќе ја загрозат неговата империја.
 

 

 

извор: liberties.eu

превод: Попова

 

Оставете коментар