Зошто студентите се апатични?

-Искреното признание сепак, не значи дека студентите треба да се обвинуваат бидејќи тие се само жртви. Со години наназад се предмет на систематко обесправување. Станува збор за страв, страв за академскиот упсех, за студенстката соба, за идниот професионален живот, вели Ивана Дракшиќ од невладината „Плоштад Слобода“.

Според Младинскиот образовен форум, студентите само претставуваат рефлексија на целото ооштество кое има исклучително ниска култура на демократија.

-Пасивноста кај младите не е нова категорија, бидејќи тоа е одамна прифатено однесување .на ова ги учат уште во средно училиште, каде немаат право на дискусија или на спротивен став, вели Стефан Алексиќ, МОФ.

-Постојаните негативни коментари на сметка на пасивноста на студентите не смеат да бидат сфатени како дефинитива категорија, бидејќи крајно време е работите да се сменат, оптимистички заклучи Дејан Лутковски од „Слободен индекс“.

Фразата дека студентите се анемични и дека не ги бива е веќе изветвена, и единствено му одговара на естаблишментот. Треба да покажеме поинаков став, вели Лутковски. Многу време веројатно ќе помине додека македонските студенти се осмелат да покренат сила слична на онаа на големите студенстки движења во светот. До тогаш, младинските организаци очекуваат обединување на оваа популација барем околу едно барање. Една таква мала победа, според нив, би била почеток на нов и успешен процес.

Извор ТЕЛМА

Оставете коментар