Зошто рационалните луѓе “паѓаат” на теории на заговор?

– Со светот управува “глобална влада во сенка”; избраните политичари се нивни марионети.
– Вашингтон сам го осмислил и извел терористичкиот напад од 09/11.
– Задолжителните детски вакцини се одговорни за “епидемијата” на аутеизам.
– Осама бин Ладен е жив.
– Глобалното затоплување е измислено од еко – левичарите.
– Снимките на НАСА за човековото спуштање на Месечината се фото – монтажа.

Доколку верувате, знајте дека не сте единствени. Според резултатите наведени од анкетата, изведена на репрезентатитвен примерок на Американци со право на глас, повеќе од две третини американски гласачи веруваат во барем една од најраспространетите завери: 37% од гласачката популација на САД стои зад тврдењето дека глобалното затоплување е лага, 28% сметаат дека постои “тајна глобална влада”, која од сенка управува со светот; една петина од гласачкото тело е убедено дека детските вакцини предизвикуваат аутизам; 6% веруваат дека Осама Бин ладен е жив.

Што се теории на завери и кои се луѓето кои веруваат во нив? Во општествените науки, уште од средината на шеесетите години од минатиот век, кога американскиот историчар Ричард Хофштатер ја објавил пионерската анализа на овој феномен “The Paranoid Style in American Politics”, неговото разгледување доминантно се движи кон термините на делузија и параноја. Делимично и поради тоа што понекогаш навистина постои врска меѓу конспирациските уверувања, од една, и делузијата карактеристична за шизотипната параноја, од друга страна, психолозите, долго, својот допринос на оваа тема го ограничувале само на афирмација на психолошкиот карактер на конспирационистичкото мислење.

Aко не поради нешто друго, од аспект на распространетоста на верувањата кои можат да се сметаат за конспирационистички, психопатолошките објаснувања на теориите на завера се покажале неадекватни; во спротивно за околу две третини од возрасната популација на САД мора да се каже дека пати од сериозно ментално пореметување. Усвојувањето на нови перспективи им овозможило на психолозите овој феномен да го анализираат од повеќе различни агли. Некои од сознанијата до кои дошле, во последната деценија и половина, делуваат во најмала рака неочекувано.

Конспирацијата како поглед на светот

Доколку некои од тврдењата од почетокот на текстот се сметаат за вистина, со голема сигурност може да се каже дека за точна се смета уште една точка од листата. Во голем број психолошки истражувања се покажала како значајно позитивна корелацијата меѓу инаку неповрзаните конспиратистички убедувања. Ако, да речеме, верувате дека принцезата Дајана е убиена од агентоте на британската разузнавачка служба М16, најверојатно во сороаботка со кралското семејство, постои голема веројатност дека сте убедени и дека ХИВ вирусот е “произведен” во лабораторија, дека мисијата “Аполо” е инсценирана, дека владата крие докази за постоење на вонземјаните …

За да работата биде уште поинтересна, ефектот не се намалува ни кога се во прашање две меѓусебно исклучиви теории на завера. Па така личноста која верува дека смртта на принцезата Дајана е лажирана, истовремено ја прифаќа и теоријата дека е убиена во завера која ја осмислиле владините агенти и кралското семејство; што е поголемо нечие убедување дека Осама бин Ладен веќе бил мртов кога американските специјалци ја откриле локацијата каде престојувал, тоа е поголема можноста истата личност да ја прифати теоријата во која се смета дека ОСама бин Ладен денес е жив.

Значи луѓето кои се уверени во вистинитоста на конкретните теории на завера, се склони истовремено да ја прифатат и контрадикторната верзија на истиот настан или појава. Како е вакво нешто можно?

Да тргнеме од дефиницијата! Теоријата на завера е наратив во групата на нечесни, а воедно и моќни луѓе или организации, кои во строга тајност работат на остварување на одредна, најчесто гнасна цел, по правило на општа штета. Јасно, доколку сте склони да поверувате дека некаква страшна завера може да биде спроведена на дело во совршена тајност, тогаш малку работи ве ограничуваат во формирањето на убедување дека се можни и други слични сценарија. Оттука е интеркорелацијата меѓу суштинските, односно содржински неповрзаните конспирационистички објаснувања. 

Поважно од самата дефиниција, од резултатите на психолошките истражувања произлегува дека теориите на завери не се непосреден одговор или реакција на конкретно случување или појава. За нив може да се зборува како за општ поглед на светот, како некој вид на стандардно објаснување на настаните и/или појавите генерално. Оттука е можна позитивна корелација на меѓусебно исклучивте конспирационистички уверувања. Нив не ги држи заедно меѓусебната компитабилност, туку тоа што и двете се уклопуваат со увеувањата од повисок ред – општите погледи на светот.

Во прилог на ваквиот концепт на теоријата на завера оди и една од нејзините клучни карактеристики: општата опозиција на официјалниот, конвенционален наратив. Во таа смисла, сржта на теоријата на завера не е убеденоста во предложениот тек на настаните, туку неверувањето во општоприфатената, официјална верзија на текот на настаните. 

Доколку ваквата теорија на теоријата на завера би била точна, тоа би значело дека на заговорниците на конкретна конспирација не им е пресудно битно да го понудат, наметнат и одрбанат своето толкување на одреден (историски / политички / секојдневен) настан, само за да изразат несогласување со официјалниот, најчесто и доминантен поглед на истите. Два британски психолози, Мајкл Вуд и Карен Дагалас го тестирале и потврдиле ваквото предвидување.

Вуд и Даглас ја анализирале содржината и еден тон онлајн коментари на теоретичките напади на 9/11, објавувани во втората половина на 2011 година, на нтернет страниците на британските и американските мејнстрим медиуми: ABC News, CNN, Independent, Daily Mail. Анализата покажала дека “конвенционалистите” (коментаторите кои ја прифаќаат официјалната верзија на настанот) значително повеќеод “конспирационистите” (коментаторите кои заговараат некоја од алтернативните верзии на истиот настан) ги цитираат информациите кои одат во прилог на нивната позиција (56% спрема 31%). Спротивно од ова, конспирационистите почесто (во 64% од случаите) наведуваат информации кои би можеле да го негираат официјалното видување на нападот на Кулите близначки; конвенционалистите тоа го прават во 44% од своите коментари. 

Накратко, заговорниците на теоријата на завера првенствено се идентификуваат низ недоверба во официјалната верзија на даден настан, и нејзините извори, па во склад со тоа се фокусираат на нејзино дерогирање. Далеку помалку напори се вложува во евентуалното докажување на исправноста на својата позиција. 

Општествените импликации на теориите на заговор

Оние кои во нив не веруваат, се предмет на потсмев. Теориите на заговор не се социјално инертен феномен. За почеток, самото излагање на конспирационистички содржини ја зголемува веројатноста дека некој ќе ги прифати таквите уверувања. Поважно од тоа, еднаш кога ќе ги прифатите, помала е веројатноста дека ќе се вклучите во пошироките процеси на општествено и политичко одлучување.

Прифаќањето на теориите на заговор, извесно, подразбира интеракција меѓу соодветниот психолошки склоп – диспозиција кон конспирационистичкото мислење – и ситуационите фактори – на пример, достапноста, т.е. веројатноста да се дојде во допир со теориите на зговор. Но, зошти тие воопшто постојат?

Еден од одговорите би гласел дека теориите на заговор ја рефлектираат потребата за јасност и сигурност. Фактот дека редовно се појавуваат во контекст на природните катастрофи, несреќите предизвикани од човечки фактори, како што се војни, терористички напади или економски колапс, во контекст на болести кои го загрозуваат и/или носат голем број човечки животи итн, зборува во прилог на тезата дека луѓето со помош на теориите на заговор пробуваат да стекнат контрола над нешто што ги надминува. Во ред, но зошто се свртуваме кон теориите на завера кога за секоја од појавите на кои се однесуваат постои и рационално објаснување?

Вирен Свами, професор по психологија на Универзитетот во Вестминистер, открил, наизглед парадоксална, позитивна корелација меѓу склоноста кон конспирационистички објаснувања и приврзаноста кон демократските принципи. Според зборовите на Кетрин Олмстед, професорка по историја на Универзитетот во Дејвис, Калифорнија, теориите на заговор не би постоеле кога во реалноста не би имало вистински заговори, кои по правило подразбираат манипулација со информациите и демократските процеси и процедури.

Интернетот кои наизглед го олеснува пристапот кон вистинските информации и релевантните извори, работите, неочекувано, ги влошил. Благодарение на интернетот, луѓето многу полесно можат селективно да пристапат до информациите кои одат во прилог на нивниот поглед на светот и веќе формираната слика за одреден настан или појава. Во таа смисла, теориите на заговор можат да се набљудуваат во контекст на поширок систем на уверувања и идеолошко насочување на поединецот. 

Кој верува во Kодонт на Да Винчи, односно заверата, со која е прикриено наводното боженско потекло на Марија Магдалена? Тројца психолози кои се занимавале со ова прашање утврдиле дека верниците приврзани кон “класичното христијанство” без размислување ја отфрлаат таквата идеа. На следбениците пак на New Age филозофијата, им звучи далеку поприфатлива. 

Во три истражувања, до слични заклучоци дошол и австрискиот психолог Стивен Луандовски со своите соработници. Нив ги интересирал односот на конспирационистичкиот им према научниот метод и науката како извор на вистините информации. Очекувано, нивните истражувања ја потврдиле хипотезата дека тенденцијата за отфрлање на научните објаснувања стои во позитивна корелација со склоноста кон прифаќање на теориите на заговор. Меѓутоа, тоа не е крај на приказната. Сомнителноста према науката често е во служба на одбрана на поширок систем верувања и идеолошки светонадзори. Конкретно, недовербата во ставот кој преовладува кај научниците за глобалното затоплување – и улогата на човекот во емисијата на гасови одговорни за ефектот на стаклена градина – према анализите на Луандовски и соработниците, првенствено е мотивирана од приврзаноста кон идеалите на слободниот пазар и вредностите карактеристични за социјалниот конзерватизам. 

Накратко, конспирационистичкиот ум е парадигматски пример на мотивирано резонирање – човековата склоност да верува во она во што сака да верува и да го отфрли како неточно или недокажано се она што за неговите уверувања претставува предизвик.

 

извор: akuzativ.com

превод: Попова

 

Оставете коментар