Активизам во Македонија: Зошто не успеа иницијативата „Аман“?

Нешто повеќе од една година од создавањето на „Аман“, Џелал Хоџиќ се потсетува на случувањата поврзани со оваа граѓанска иницијатива.

„ Луѓето овде не веруваат дека може да промент нешто, тие се апатични, а институциите го потхрануваат тоа. Со години политичките партии ги исфрлаа граѓаните од политичкиот простор иако и граѓаните имаат право да учествуваат во него. Таа свест мора да се менува, мислам дека „Аман“ го поттикна тоа“, вели Хоџиќ за Радио МОФ.

Според него, има простор за активизам во Македонија, но додава тој, тешко е да функционира во едно ненормално општество.

„Не е проблемот во иницијативите, проблемот е во тоа што што институциите се нефункционални“, вели Хоџиќ кој верува и дека граѓаните треба што побрзо да се разбудат и да се мобилизираат, за заедно да создадат подобро општество.

Целиот разговор може да го погледнете во видеото.

Извор РадиоМОФ

Оставете коментар