Зошто црвен и жолт картон во фудбалот?

Дури и да не сте љубител на фудбалот, па и на другите спортови, можеби ќе сакате да знаете зошто токму црвениот и жолтиот картон се дел од спортот.
Сè започнало во далечната 1962 година кога познатиот спортски судија Кенет Џорџ Астон судел на првиот натпревар од тогашното Светско првенство во фудбал.
ФИФА била импресионирана од судењето на Астон, па честа да суди на најризичниот натпревар на првенството му припаднала токму нему. Астон успешно судел на натпреварот меѓу Чиле и Италија, а била ангажирана и воена полиција која неколкупати интервенирала во текот на натпреварот.
Четири години подоцна Астон бил повторно избран за судија на ризичен натпревар. На Светското првенство во Англија домаќинот се соочил со Аргентина. Во тоа време двете држави се спореле околу правото на сопственост на Факландските Острови, па натпреварот бил напнат, проследен со многу инциденти и навредување на судиите.
По завршувањето на тешкиот натпревар, додека се возел кон дома, судијата Астон размислувал на кој начин би можел да му објасни на некој фудбалер дека е исклучен од игра, а притоа да биде разбран иако не го зборува неговиот јазик. Додека чекал на семафор, се сетил на значењето на светлата. Жолтото би можело да значи опомена, а црвеното – стоп, одиш надвор.
Предлогот на Астон бил прифатен, па картоните биле усвоени на Светското првенство во Мексико, во 1970 година.
Денес, ни еден судија не мора да нашироко да објаснува и да се труди на биде разбран од страна на фудбалерите кои не го зборуваат неговиот јазик. Едноставно ќе посегне по картонот и одлуката ќе ја разбере цел свет.

 

 

Оставете коментар