Зошто МТВ е срање од медиум? Епа прочитајте

ГЈ: Да.
МП: Ало,
ГЈ: Е кажи Мартин.
МП: Горде?
ГЈ: Кажи.
МП: А бе ова огласот за МТВ…
ГЈ: Добро.
МП: Ја мислам да го поништиме. Зошто се полунормални луѓето што се вакво. И ние сега ако сакаме да ја јакнеме МТВ, да донесеме луѓе проверени, што ќе ги видиме, ќе знаеме кои се…
ГЈ: Мартин, ама у тој случај ние треба да рсчистиме сами со себе. Или ќе пуштаме од комитети предлози, или ќе јакнеме капацитет. Најчесто не одат заедно тие две работи.
МП: И ќе јакнеме капацитет, и ќе пуштаме од комитети. Пошто не може сега некои…
ГЈ: Е па овие се од комитети.
МП:…некоја Емче таму, некои вакви, знаеш, некои…не, не, анонимуси што…Ако е за вработување, тоа им викам, дај у Водовод ќе ги вработиме, не може новинари да бидат.
ГЈ: Ама тие се од комитети предлозите. Тоа е квалитетот.
МП: Па добро, не може. Ќе ги одбиеме. Ќе го поништиме огласот и ќе…
ГЈ: Добро, како сакате.
МП: И ќе ја направиме МТВ како што треба.
ГЈ: Мислам ја имам обврска кога ќе има оглас да ги известам комитетите да дадат предлози, да ги поминеме на кадровска, така. Не можам јас да им викам на комитетите…
МП: Се согласуваш ли со мене за ова?
ГЈ: Овој ти е малоумен, без разлика што го мислам тоа…
МП: Ама се согласуваш со мене?
ГЈ: Види, јас генерално мислам дека ние курсов малку треба да го смениме.
МП: Да. Така?
ГЈ: Значи, не само за овој оглас. Сега МТВ е на дневен ред.
МП: Да де да.
ГЈ: Ние ги преполнивме институциите…
МП: Со неспособни луѓе…
ГЈ: Со луѓе што не се за таму. Може таа Емче за негде ја бива. Ха, ха.
МП: Емче може, Емче може во Фитосанитарна да иде.
ГЈ: Не бе, океј. Мислам секој човек нека си ја најде среќата. Ха, ха. Ама ние ги преполнивме…
МП: Не може сега, зошто е новинар? Зошто имал желба! Па јас сакам пилот, сега у…
ГЈ: Па тоа ти викам. Ние ги преполнивме институцииве на база на нечија желба. И сега како бројка никој неможе да рече немам луѓе. Пошто сите имаме, и поише од колку што ни треба.
МП: Да, да.
ГЈ: Ама како квалитет немаме. А од друга страна курсот е овој што ти кажувам, искача оглас, пушти комитети…таа е понудата.
МП: Добро, го мењаме. Еве од сега тргаме, поништување. Јас ќе му кажам и на Претседателот и готово. Кои се причините и ќе се согласи и он, и он е за тоа.

Оставете коментар