Јое (2014) – живот и смрт во една провинција

Час и педесет минути преседени на ивица од кауч, во апсолутна хистерија „од возбуда“ помина гледањето на брилјантниот Николас Кејџ во филмот Јое

 

Oвој филм не се гледа ниту стоечки ниту лежечки, туку на ивица од кауч, нарацијата е стравична и испрепрелтена : типичен живот во една провинција во која луѓето имаат проблем со сиромаштијата, алкохолот, лошите фамилијарни односи, недостаток на пари… Гледам со „осоколени“ очи и’ не можам да верувам дали во ова е „вклучен“  и’ нашиот живот под „чизмите кои не газат“?

 

Joe (2014) е „човек кој работи и’ не работи“. Од една страна сака јасно да им докаже кој е газда, од друга страна се наоѓа во „лимбо“ позиција во која сака да биде непристрасен и „човечен“ кон секој работник. Локацијата на филмот ми беше непозната. Очигледно беше само дека се наоѓа некаде во Тексас, во некое „избезумено“ место од кал, мрак, лудило, типично за една провинција, без разлика каде територијално се наоѓа, дури би можело да биде отспротива – доволно е само да се погледне?


Најпрво во филмот го среќаваме младиот Гери (Tye Sheridan) и неговиот дрзок и навредлив татко Вејд (Gary Poulter). Вејд, таткото на Гери е пијан низ целиот филм, додека Гери е пристојно младо момче кое е лојално на своето семејство, на својата мајка и сестра. Полицијата исто така учествува во оваа филмска „нарација“ кој на некој начин се труди да ги заштити од „самите себе“, барем тоа е некој општ впечаток – полицијата е вклучена во животите на овие луѓе од една страна, од друга – јасно се гледа дека дека е исклучена.


Гери излегува од дома како би можел да ја заборави тортурата од својот пијан татко и утехата ја наоѓа во работата кај работодавачот, 48-годишниот Џо Рамсон (Nicolas Cage). Бизнисот на Џо се одвива во една „сива зона“ во која работниците ги „трујат“ дрвјата како би можело да дојде нова компанија која би засадила нови, поквалитетни и попрофитабилни дрва. Џо, работодавачот покрај својата екипа работници, се спријателува со младиот Гери, земајќи го во закрила и внесувајќи го во татковската метафора, духовна нарација која цело времо му недостига на Гери а која никогаш ја немал.


Првиот дел се „сопнува“ низ нарацијата на пријателство измеѓу Џо и Гери, ролја која ќе биде „пресудна“ до самиот крај на филмот; но како да се принудени на сутилност на еден „чекан“. На пример, лошиот и непријателски лик – она што се нарекува „негативец“ – Вили Расел (Ronnie Gene Blevins), кого очигледно после шамарењето на Џо Вили е спремен за „наплата“. Животните проблеми на Џо и тепачката со Вили се трансферираат заедно со животните проблеми на младиот Гери и неговиот татко, Вејд.
Измеѓу проблемите, Џо е склон на уживање со проститутки, пиење и цигари – лична нишка во серија од пороци, како и неговото минато, кои предизвикуваат кризи во личноста на Џо.


Овие наративни моменти докажуваат дека ќе бидат неопходни за самиот крај, но тоа ми се чини дека не е „поентата“ на филмот. Односот на Џо и Гери е лесен да се создаде без разлика на околностите на еден поранешен измамник и едно дете кое нема татковска „закрила“. Ова е врска која низ целиот филм оди криво-и-брзо; но нивниот однос е неверојатно автентичен, и тука симнувам капа на режисерот на овој филм. Таа „врска“ кај мене предизвикува „маестрална возбуда“.
Џо е човек-дивјак, лудак и џентламен, барем од она што сме навикнати да гледаме кај Николас Кејџ, но ми се чини, дека оваа перформирачка улога е над тоа – трансендира во брилијантни сфери во кои низ неговата состојба на духот го објаснува животот и смртта  на една „зачаурена“ и „непостоечка“ провинција во едно забаталено местo во вукојебината како Тексас.


Гери е млад глумец и брилијантен млад дух кого многу работи му се јасни и значајни; неговиот карактер е малку променлив, но има добро срце и феноменална „оштрина“ за правичност. Фасцинантно беше како Гери му објасни на Џо каде може да си го пронајде свое куче, крвавиот американски пит-бул, лижејќи си ги раните кои му ги направија неговите непријатели: „Можеби е крваво, ама неговите непријатели се мртви“, му вели Џо на Гери среќен што си го здогледа кучето.


На крај, ми се чини, што е значајно во овој филм: крвта, пепелта и бесмислата донесоа – покрај „многуте“ и „важни“ последици – непријатно варварско растурање на животите на едни луѓе кои се’ разбираат без превод. Во пркос на егзистенцијата и пустошoт – филмот и нарацијата на актерите „пршти“ од живот и потреба за можен Друг свет. 

 

Оставете коментар