Жилник: Скопје 2014 е историски срам!

– Кога се прошетав низ Скопје, она што ми беше интересно е што целата таа трагикомедија на приказната за транзицијата во која живееме, овде во Скопје, со ова редизајнирање на градот, сериозно е доведена до своите крајни консеквенци. И во Србија и во Хрватска, во Романија или Бугарија го има истото, ама овде е реализирано. И Србите велат: „Ние сме небесен народ“, но немаат доволно храброст да направат скулптура на господ и да одлучат кој ќе биде прв до него. И не знаат како да ги поделат рајот и пеколот заради тие силни фалсификувања на историјата. Хрватите – исто, има теорија дека потекнуваат од Персијците, така што тоа што овде што се случува – не е нешто необично во ова време на транзиција. Но овде естетиката потсетува на естетиката на забавните паркови и во тоа гледам една политичка досетка на владеачките гарнитури кои не знаат како да ги идентификуваат своите погледи на работите и на иднината и како општествтото да го воведат во нормала и всушност владеачките гарнитури кои доаѓаат на власт со идеологијата „ние ќе му го вратиме достоинството и идентитетот на нашата нација“, а што се случи? Сите тие гарнитури од екс Југославија, од Словенија, преку Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина сега и Македонија му нанесуваат на својот народ стравична историска срамота, рече Жилник.

-Се разбира дека минатото се преобликува и тоа според интенциите на секоја следна политичка гарнитура и кога тоа минато, во многу погледи, се брише, многумина од нас кои сме живееле во минатото и имаме дела за тоа, сега се прашуваме за што се работи, па чекајте сите вие во тој мрачен комунистички период некако сте преживеале, што значи дека сте фалсификатори и лажливци. Но тоа е типично и со личните биографии на некои и мои колеги, а во Србија имате комплетно фалсификување не само на минатото и туку и на она што го живееме денес, додава Жилник.

извор: SKY.MK

Оставете коментар