Жестока расправа на советот во општина Кавадарци, градоначалникот Панов ја напушти седницата

На ден 31.01.2014 година (петок) Советот на Општина Кавадарци ја одржа дванаесетата седница. На седницата се дискутираше по петнаесет точки од Дневниот ред од кои три точки беа повлечени од страна на градоначалникот Александар Панов.Причината, само тој ја знае.
Една од побитните точки од Дневниот ред на Дванаесетата седница на кавадаречкиот совет беше и Финансискиот Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Кавадарци во областа на спортот и младите во 2013 година.

Оваа точка предизвика неколку часовна дебата во Советот на Општина Кавадарци. Имаше припукување од “двете страни”.Опозицијата обвинуваше за според нив сомнителниот финансиски извештај посебно за точката по која на извесен “Сојуз за Спортови” во Кавадарци се префрлени феноменални 630 000 денари. Поголемиот дел од кавадаречката јавност немаат ниту слушнато за таков поим а посебно за тоа кој стои позади овој сојуз, односно кои се лицата кои го менаџираат.

“Мојот Град” ви го приложува целиот „Финансиски Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Кавадарци во областа на спортот и млади во 2013 година“ односно каде се потрошени парите според овој извештај.

Според „Финансиски Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Кавадарци во областа на спортот и млади во 2013 година“, Општина Кавадарци од општинскиот Буџет има издвоено финансиски средства за неколку спортски клубови (или за неколку спортски настани) во градот, и тоа:

1. Турнир „сестри Китеви“ , носител на активноста Ж.К.К „Трокал“, финансиски средства во износ од 50 000 денари;
2. Градски Фудбалски Клуб Тиквеш, финансиски средства во износ од 220 000 денари;
3. Градски Ракометен Клуб Кавадарци, финансиски средства во износ од 159 000 денари;
4. Кошарка жени, носител на активност ЖКК Трокал, финансиски средства во износ од 100 000 денари;
5. Проект избираме млади, носител Сојуз на Спортови, финансиски средства во износ од 500 000 денари;
6. Спортска школа ЈП Јасмин, финансики средства во изност од 165 000 денари.
7. Подршка на квалитетни спортови, носител на активноста Сојуз на Спортови, финансиски средства во износ од 25 000 денари;
8. Избор на Спортист за 2013 година, носител на активност Сојуз на Спортови,, финансиски средства во износ од 30 000 денари;
9. Традиционално карате, носител на активност карате клуб „Кавадарци“, финансиски средства во износ од 148 000 денари;
10. Карате клуб „Урбан-Инвест“, финансиски средства во износ од 50 000 денари;
11. Карате клуб „Тиквеш“, финансиски средства во износ од 30 000 денари;
12. Нинџицу клуб, „Будо Таиџицу“ Кавадарци, финансиски средства во износ од 30 000 денари;
13. Пинг-Понг клуб „Градба Промет“, финансиски средства во износ од 30 000 денари;
14. Џудо клуб „Кожувчанка“, финансиски средства во износ од 10 000 денари;
15. Атлетика, носител на активност Атлетски клуб „Тиквеш“, финансиски средства во износ од 15 000 денари;
16. Стелаштво, носител на активност Стрелачки клуб „Кавадарци“, финансиски средства во износ од 23 000 денари;
17. Непредвидени трошоци, носител на активност Сојуз на Спортови, финансиски средства во износ од 75 000 денари.

Вкупно исплатени средства за 2013 година: 1.660.000 денари или 27 000 евра.

На Сојуз на Спортови, вкупно му се префрлени од општинскиот буџет 630 000 денари, за активностите: „ Проект избираме млади“; „ Непредвидени трошкови “; „ Избор на Спортист за 2013 година “, „ Подршка на квалитетни спортови “. 

Отука се поставуваат неколку прашања во врска со овој „Финансиски Извештај“. Едно од почестите поставени прашања на Дванаесетата седница на Советот на Општина Кавадарци беше “кои луѓе се дел од тој Сојузот на Спортови?” Потоа, зошто, „Сојузот на Спортови“ добил повеќе финансиски средства од (ГФК Тиквеш, ГРК Кавадарци, ЖКК Трокал и Спортската школа „ЈП Јасмин“) заедно?
Зошто и покрај финансирањето на ГФК Тиквеш, клубот беше исклучен од Третата лига Југ со што на кавадаречкиот клуб му се заканува целосно згаснување од фудбалската карта на Македонија? Дали се доволни овие финансиски средства за развој на спортот во општина кавадарци? Дали градоначалникот Панов на овој начин ја оправдува БЛАГОДАРНИЦАТА за посебен придонес во спортот која му беше доделена на манифестацијата „Спортист на годината за 2013 година“? 

Притоа, важно е да се напомене дека во ситуација кога градоначалникот немаше доволно цврсти аргументи да се спротивстави на дел од советниците во врска со некои од точките на дневниот ред, видно револтиран ја напушти седницата.Според него, не ја напуштил туку си заминал сметајќи дека дел од советниците ја злоупотребувале говорниците. Ова остави бледа слика пред тв објективите кои вршеа пренос на седницата.

Одговор на сите овие прашања, за жал, граѓаните на општина Кавадарци не добија, иако го имаат апсолутното право да знаат.

 

{facebookpopup}

Оставете коментар