(Видео)Жестока јавна расправа во општинската зграда во Кавадарци

Отпадната гума треба да биде со 25% застапеност како би заштедиле огромни финансиски средства.Согорувањето на отпадна гума е штетна по здравјето каде при нејзиното согорување се ослободуваат и преку 20 тешки метали.

Дебатата беше повеќе од интересна каде својот став по оваа прашање а и целокупната ситуација кога е во прашање работењето на Фени, имаа можност да се изјаснат голем дел од граѓаните на општина Кавадарци.

 

– Застрашувачки се податоците кога станува збор за раѓањето на мртви деца во Кавадарци. Секоја година оваа бројка е се поголема, а често се случува да мајката и во петтиот месец од бременоста е принудена да го абортира својот мртов плод. Раководните лица од инстутутот за онкологија велат дека половина од пациентите се од Македонија а половина се од тиквешијата.Кавадарци како град, колку припаѓа на вработените во Фени, исто толку припаѓа и на граѓаните на Кавадарци.Зошто ниту еден политички субјект не се огласува по ова прашање? Каде е власта, а каде е опозицијата во овој случај? Фени е “големата мечка”. Сето друго е трка за пари. Фени е рекетиран од страна на повеќето политички партии, еко-друштва, индивидуалци.Со мал исклучот на поединци. – изјави Бранко Трјковски, кој исто така во себе носи канцерогена болест.

Менаџерите на Фени, Ризов и Тасев беа децидни во своите излагања дека ниту еден заболен граѓанин од Кавдарци не е последица од работењето на комбинатот.

А и нормално дека ќе ги негираат изјавите на граѓаните и статистичките податоци од институтите. Кој би сакал намерно да си го дрма менаџерското столче? Напротив, едниот од нив отиде до таму што почна да го напаѓа и македонскиот менталитет. Вели, ”денеска сме дојдени да се дебатира дали Фени да согорува отпадна гума од 15 до 25% или пак не. Да не дозволиме дебатата да замине во друга насока.” 

Види мајката. Тука е замката.Ете тоа е тој нашиот менталитет. Значи граѓаните не се дојдени да дискутираат колку и како загадува Фени, туку напротив, дали да се горела отпадната гума. 

– Институтот за јавно здравје излезе со фрапантни податоци кога станува збор за канцерогените заболувања во последните години на територијата на општина Кавадарци.Во 2003 година на институтот за онкологија во Скопје биле регистрирани 231 лице од општина Кавадарци. Во 2011 оваа бројка се искачува на неверојатни 981 лице заболено од рак. Само една година подоцна, 2012, оваа бројка се искачува на 1400 лица заболени од канцер.Од нив дури 76 се деца.Отпадната гума при согорувањето излегува во вид на пареа која филтер не може да ја задржи.Штетната пареа која се ослободува при согорувањето содржи преку 20 вида на токсични хемикалии межу кои се и живата, цинкот и бакарот – изјави советникот Зоран Јованчев.

Збор-два и за кавадарачеката медиумска сцена. Сите до еден (со мали исклучоци), буквално ги наполнија гаќичките и пелените, и едноставно немаа храброст да ја објават оваа вест преку видео запис или пишана форма на нивните медиумски гласила. Можеби некоја “виша сила” им се јавила во текот на денот и им рекла да не го прават тоа.Едноставно, поважни се настаните кога семафорите во Кавадарци (не)работат, кога се фарбаат пешачките премини или пак подигање на споменици на мртвите, на сметката на живите. Нека им е на чест.

Како и да е граѓаните деновиве остро реагираат на овој популизам од страна на некои медиуми кои транспарентноста во објавувањето на вестите им е оставена или намерно заборавена некаде на втората полица од десната страна во краденецот.

Да се напомене една навистина исклучително важна работа. На оваа јавна расправа која се одржа во општинската зграда во Кавадарци, не присуствуваше градоначалникот Александар Панов. Причината засега е сеуште непозната. Најверојатно сеуште го држат убавите импресии од посетата кај капитализмот.И нормално е човекот дека не сака ни под разно да си проектира “бледи” локални слики во главата со едно присуството на една “ваква” јавна расправа.  

Оставете коментар