ЗЕЛЕНОТО КАФЕ – НОВ ИЗВОР ЗА ПОДМЛАДУВАЊЕ

Антикосидантите помагаат во борбата со слободните радикали, што е една од причините за стареењето на клетките. Затоа и високата содржина на полифеноли во кафето е важен дел од здравиот начин на живот. Полифенолите се една од најголемите бројните и широко распространети групи материи во растителниот свет. Досега се познати повеќе од 8000 видови, а неколку стотици од нив често се присутни во секојдневното мени.

Пијалоци кои произлегуваат од растенија, што е кафето, се грижат да го обезбедат потребното количество полифеноли за нашиот организам.
Тие помагаат и во согорувањето на повеќе липиди (масти). Сите знаеме како може една шоља кафе видливо да ги зголеми нашите физички можности, како помага за намалувањето на заморот а истовремено го стимулира умот и ја подобрува концентрацијата.

Дополнителни факти за кафето и неговите придобивки

– Истражување, направено од истражувачи од Калифорнискиот универзитет, Сан Диего (UCSD), САД, докажува дека високата содржина на антиоксиданти во кофеинскиот пијалок може да ја намали апсорпцијата на гликозата и така да помогне во заштитата на организмот од дијабетес тип 2.
– Студии претставени оваа година на конгресот на Европското здружение за кардиологија во Стокхолм во 2010 година откриваат дека умереното секојдневно пиење кафе придонесува за зачувување на еластичноста на артериите кај постарите лица.
– Друго истражување на американската асоцијација за проучување на болести на црниот дроб открива дека консумирањето на 2 до 3 чаши кафе на ден за 31 до 44% го намалува ризикот од рак на црниот дроб. Причината за тоа се крие претежно во големото количество полифеноли и хранливи фибри кои ги содржи кафето.

 

 

Оставете коментар