Здружението на Борци од Кавадарци кажа “НЕ” за промена на името на градскиот плоштад

Буквално, од сите страни пристигнуваат проетестни писма на адресата на градоначалникот на општина Кавадарци, Александар Панов, по повод неговиот предлог за промена на името на градскиот плоштад во Кавадарци од “Маршал Тито” во “Филип 5″. Иако во неколкуте анкети и испитувања граѓаните не се согласуваат со овој предлог, сепак градоначалникот останува на своето. Со свој став, денеска се огласи и здружението на борци од општина Кавадарци кои  рекоа “НЕ” на овој непристоен предлог од страна на градоначалникот.

“Претседателството на Здружението на Борци – Кавадарци на одржаната седница донесе заклучок да го искаже своето мислење по иницијативата за промена на името на плоштадот во Општина Кавадарци. Претседателството на Здружението на Борци смета дека името на плоштадот “Маршал Тито“ во Општина Кавадарци не треба да се менува заради заслугите на Ј.Б.Тито во стварањето на македонската држава.” – се вели во соопштението.

Точката за преименување на градскиот плоштад е на ставена на дневен ред на утрешната седница на советот на општина Кавадарци. Се очекува “жестока” расправа.

Фото КТВ

Оставете коментар