Затворање на меѓународниот воен камп во Криволак

Оваа показна вежба е последна фаза од кампусот на кој питомците и студентите имаа можност да се стекнат со одредено академско ниво во доменот на пост-конфликтните операции, а особено од меѓународно-правните и дипломатски аспекти на напорите за градење на мир во рамки на меѓународните организации како НАТО и ЕУ.

Покрај тоа учесниците на кампусот се запознаа и со дел од мерките, постапките и напорите за справување со дополнителни предизвици кои се надвор од мисијата, како што се хуманитарни операции, справување со елементарни непогоди, работа со медиумите.

Извор А1ОН

 

Оставете коментар