Застрашувачки податоци, во Македонија има зависници од дрога со 8-годишна возраст!

-Веќе имаме завиосници од 8, 9, 12 години, но никој не се грижи за нив, вели Наташа Бошкова од Коалиција за сексуални права на маргинализирани заедници 

Извештајот покажува дека во Македонија, уназадува и состојбата со правата на маргинализираните групи. Се зголемува насилството кон ЛГБТ заедницата, се засилува говорот на омраза, а институциите не одговараат соодветно на инцидентите. Загрозени се и здравствените права на сексуалните работници и лицата кои живеат со ХИВ, а овие лица се дискриминирани и навредувани и од страна на лекарите.

Анализата на учебниците за средно и високо образование, особено на Медицинскиот факултет, покажала дека и дел од нив се со хомофобична содржина, односно поддржуваат предрасуди за овие лица.По укажувањето од Коалицијата, интервенирала Комисијата за заштита од дискриминација и ваквата содржина е повлечена од неколку учебници.  

Извор Телма

Оставете коментар