Анархијата е можна (4) – Зарем луѓето не се природно компетитивни?

Корпорациите ги отпуштаат работниците, скратувајќи им ги средствата за живот и здравствена заштита со оправдување дека имаат потреба да ‘останат компетитивни’. За среќа, не мора да биде така. Индустрискиот капитализам е само еден од милионите начини за општествена организација која ја развиле луѓето, а со малку среќа нема да биде ни последна. Луѓето, очигледно, можат да се однесуваат компетитивно, но не е тешко да се забележи во колкава мера нашето општество го охрабрува ваквото и го потиснува соработничкото однесување. Голем број општества низ светот развиле соработнички начин на живот во голем контраст со нормите кои постојат внатре во капитазлимот. До сега скоро сите тие општества се интегрирани во капиталистичкиот склоп по пат на колонијализам, робство, војна или уништување на населението, но остануваат бројни примери кои ја документираат големата разноликост на општествата кои постоеле.

Ловците – колекционери Мбути од шумите Итури во централна Африка традиционално живееле без власт. Записите на старите патеписци наведуваат дека жителите на шумите живееле како недржавни ловци – колекционери за време на египетските фараони, а самите Мбути тврдат дека отсекогаш живееле на тој начин. Спротивно на вообичаените прикази, заедниците како што се овие не се изолирани или праисконски. Всушност тие се во честа интеракција со народите Банту кои ја окружуваат шумата и имале многу прилики да видат какви се тие, наводно, напредни општества. Барем во последните стотина години Мбути развиле односи на размена и подарување со соседните фармери, задржувајќи го при тоа својот идентитет како ‘деца на прашумата’.

Денес неколку илјади Мбути и понатаму живеат во шумата Итури во динамични односи со изменет свет, борејќи се да го сочуваат својот традиционален начин на живот. Многу други Мбути живеат во населби со нови патишта. Искористувањето на минералот колумбит – танталит за изработка на мобилни телефони, е главен финансиски поттик за граѓанска војна и уништување на населението, кое воедно го разорува регионот и убива стотина илјади граѓани. властите на Конго, Руанда и Уганда сакаат да управуваат со оваа милијарда долари вредна индустрија (која произведува примарно за САД и Европа), а рударите во потрага за работа доаѓаат од цела Африка за да би поставиле камп во регионот. Сечењето на шумите, порастот на популацијата и зголемениот лов на дивеч за потребите на војниците и рударите ја исцрпило локалната флора и фауна. Покрај недостатокот на храна и борбата за контрола над териториите, војниците и рударите се впуштиле во суровост према Мбути населението, вклучувајќи и канибализам. Поради тоа, некои од Мбути бараат основање на меѓународен суд против канибализам и други злосторства.

Европјаните кои патувале во централна Африка во текот на колонизацијата на тој континент наметнале сопствен морал кон Мбути населението. Со оглед дека нив ги среќавале исклучиво во селата на Банту фармерите кои ја опкружуваат Итури шумата, претпоставиле дека Мбути се примитивна робовска класа. Мбути во 1950-тите го повикале западниот антрополог Колин Турнбул да живее со нив во шумата. Ги толерирале неговите непристојни и неупатени прашања и го научиле на сопствената култура. Приказните кои ги пренел прикажуваат општество надвор од она што западниот светонадзор го смета за можно. Во време кога антрополозите, а подоцна и западните анархисти, почнале да расправаат за тоа што Мбути значи за нивната територија, глобалните економски институции го разработивале процесот на геноцид врз нив. Не обрнувајќи внимание на тоа, многу западни писатели ги идеализирале или деградиле Мбутите со цел да добијат аргументи за или против примитивизмот, веганството, феминизмот и другите политички ставови.

Според тоа, веројатно најбитна лекција која може да ја научиме од приказните за Мбути не е дека анархијата – кооперативно, слободно и релативно општество – е можна, туку дека слободните општества не се можни се додека владите се обидуваат да ја уништат секоја оаза на независност, додека корпорациите финансираат геноцид со цел да би произвеле мобилни телефони, и додека наводно подржувачите се позаинтересирани за пишување етнографии отколку за овозможување отпор. 

Од перспектива на Турнбул, Мбути се непоколебливо егалитарни и нивната општествена организација ги обесхрабрувала оние појаките и промовирала соработка. Собирањето храна била заедничка грижа, а во текот на ловот често би се собирале сите. Половина од нив би се провлекувале низ грмушки во правец на другата половина, која чекала со мрежи за да би го уловила животното кое го бркаат. Успешниот лов бил резултат на успешноста на заедничката работа и целата заедница го делела уловот.
Децата Мбути во голема мера се автономни и поголем дел од денот го поминуваат во делот на населбата во кој возрасните немале пристап. Една од честите игри вклучувала група од помали деца која би се качувала на мало стебло се додека со заедничката тежина не би го навалиле према земјата. Тогаш, во идеална ситуација, сите деца истовремено би го пуштиле стеблото и тоа би се исправило. Но, ако едно дете не е синхронизирано и го пушти стеблото подоцна, би излетало низ дрвјата и би се преплашило. Со такви игри се учи групата на хармонија пред индивидуалното достигнување и обезбедува рана социјализација во културата каде владее доброволна соработка. Ограњето војна и индивидуализираното натпреварување е карактеристично за Западното општество, обезбедувајќи со тоа значајно поинаков тип на социјализација.

Мбути исто така се трудат да го елиминираат натпреварувањето или дури и претераната родна разлика. Не користеле родно определени имиња за родбинските врски – на пример наместо ‘син’ би рекле ‘дете’ – освен во случаите на родител, каде постои функционална разлика меѓу родителот кој го раѓа и го дои и родителот кој овозможува поинаков тип на грижа. Важна ритуална игра на возрасните Мбути го обесхрабрувала натпреварувањето меѓу родовите. Со зборовите на Турбул, играта почнувала како натпревар во тегнење на јаже, со жените на едниот крај на долгото јаже или лозата, а мажите на другиот. Но, кога едната страна ќе почнела да победува, некој од нив би истрчал на другата страна, симболички менувајќи го родот и станувајќи член на другата група. На крајот сите се смееле поради менувањето на родот повеќе пати. Ниту една страна не ‘победувала’, но тоа наизглед била и поентата. Воспоставување групна хармонија.

Традиционална, Мбутите на конфликтот гледале како заеднички проблем и закана за групната хармонија. Доколку спротивставените страни не можат само или со помпш на пријателите да го решат проблемот, сите би одржале важен ритуал кој често траел цела ноќ. Сите би се собрале да расправаат, а доколку проблемот и понатаму не би бил решен, младите, кои често играле улога на борци за правда во нивното општество, би се прикрадиле во ноќта и би почнале да трчаат низ населбата, свирејќи во рог кој произведувал звук сличен на слон, симболизирајќи дека проблемот претставува опасност по опстанокот на целото население. Доколку дојде до особено сериозен конфликт кој ја нарушил групната хармонија, младите можат дополнително да ја изразат својата фрустрација кршејќи низ населбата, гасејќи го огнот и рушејќи ги куќите, додека возрасните би ја пееле дводелната мелодија, зајакнувајќи го чувството на соработка и заедништво. 

Мбути во текот на една година поминале и низ своевидно разделување и спојување. Често мотивирано од интерперсоналните конфликти, населението би се раздвоило во помали, интимни групи. Луѓето имале опција да си дадат простор едни на други наместо пошироката заедница да ги присили да ги потиснат своите проблеми. По некое време на одвоено патување и живот, малите групи повторно би се здружиле откако поминало доволно за да конфликтите се смират. Од време на време целото население повторно би се собрало и процесот тргнува од почеток. Изгледало како да Мбути ја синхронизирале оваа општествена нестабилност со своите економски активности, така што целата група би се собрала баш во време за лов кој бара соработка на поголема група. Периодот на мали, одвоени групи се поклопил со периодот од годината кога била сезона на храна која најдобро се собирала во мали групи распоредени низ целата шума, а периодот кога се собираат сите групи се поклопил со годишното време во кое ловот и собирањето храна се поуспешни во голема група. 

За жал, ниту економските, ни политичките, ни општествените структури а западното општество не се соодветни за соработка. Кога вработувањето и општествениот статус ни зависат од тоа да сме подобри од нашите колеги и пријатели, а ‘губитниците’ се исфрлени без оглед на тоа колку истото отфрлување му го нарушува достоинството или можноста да се прехрани, не е изненадувачки дека натпреварувачкото однесување се почесто од соработувањето. Но луѓето кои живеат под разни влијанија на државата и капитализмот не ј изгубиле способноста за соработнички живеење. Општесвтената соработка не е ограничена само на заедница како Мбути кои ја сочинуваат една од последните оази на автономија во светот. Соработничкото живеење е можно за сите нас баш сега. 

Во почетокот на претходната декада, во едно од општествата каде има најголема индивидуалност и натпреварување во човековата историја, на некое време во еден град потклекна државната власр. Сепак, во тој период на катастрофа, со стотина мртви и органичени ресурси за преживување, странците се собраа да помогнат во духот на взаемна помош. Тој град е Њу орлеанс после ураганот Катрина во 2005 година. Во почетокот корпоративните медиуми ширеле расистички приказни за варварствата кои ги прават преживеаните, претежно црнци. Подоцна признале дека тие приказни не се вистина. Во суштина, најголемиот борј спасувања не се направени од полицајците и професионалците, туку од населението на Њу Орлеанс, често и покрај одредбите на власта. Полицијата во меѓувреме убивала луѓе кои ја спасувале водата за пиење, пелените и останатите животни намирници од напуштените продавници, намирници кои инаку би биле фрлени, бидејќи натопени во вода не би можеле да се продадат. 

Њу Орлеанс не е атипичен: сите можат да научат да се однесуваат соработнички кога имаат потреба или желба. Социолошките истражувања покажуваат дека соработката и солидарноста меѓу луѓето растат во готово сите природни катастрофи, но не кај власта, туку кај обичните луѓе кои доброволно спасуваат повеќе и меѓусебно се штитат во текот на криза.

 

 

 

Извор: fenomeni.me

Превод: Попова 

Оставете коментар