Заев: Ако не успееме, ќе си заминам!

Во итервју за „Призма“, лидерот на опозицијата Зоран Заев вели дека по објавувањето на доказите со кои располага опозицијата очекува да паднат оставки, иако остава простор и за други сценарија. Впечатокот е дека опозицијата ќе оди на „сè или ништо“. Дали ќе поднесе оставка доколку случајот не добие епилог за Заев е најневажната работа во моментов.

„Очекувам разврска што ќе доведе до нормализација на нашата земја. Оставки ќе паднат и мора да паднат. Вината не е кај нас, затоа што ние сме ги добиле материјалите. Тој што тоа го правел има да одговара. Ако има барем минимум етичка и законска одговорност, оставката треба да се случи уште при првиот чекор што ќе го направиме, а чекорите се многубројни и се внимателно осмислени.“ – изјави Заев.

Оставете коментар