Алберт Ајнштајн: За војната

Агресивната склоност е секокаш присутна меѓу мажите, а особено во односите меѓу државите. Меѓу нив често доаѓа до несогласувања, а доколку не се превземат одредени мерки на претпазливост, тие прераснуваат во расправии, па и војни. Никогаш нема да заборавам каква само исконска омраза моите школски другари негуваа према учениците од соседното училиште. Доаѓаше до неброени расправии кои завршуваа со општи тепачки. Има ли некаков сомнеж дека крвната освета и склоноста кон двобои потекнуваат од ова чувство? Дури сметам дека тоа чувство е главната храна за уште едно нагонско чувство – честа.

Новите државни организации морале силно да ги потиснат изразите од примитивна природа. Меѓутоа, таму каде што се пресретнуваат државите, кои покрај тоа не припаѓаат на некоја наддржавна организација, ова чувство на агресивност повремено создава таква нетрпеливост и напнатост која често доведува до војни. При тоа сметам дека таканаречените цели и причини за војна се крајно тривијални, бидејќи може многу лесно да ги најдеме ако ги бараме.

Многу големи мислители се сложуваат дека војната е најподмуклиот напријател на човековиот развој и дека мораме да направиме се за да ја спречиме. И покрај поразувачката реалност, јас сум уверен дека создавањето на државни организации во Европа кои би ги осуетила идните војни се реална и не така далечна иднина. Сите пријатели на духовниот развој на човештвото мора да се залагаат за оваа најважна политичка цел.

Може да го поставиме следново прашање: како тоа човекот во периоди на мир, низ кои државната заедница го потиснува скоро секое покажување на агресивност, не го изгуби ова чувство кое во текот на војната ја претвора во масовен убиец? Ќе пробам тоа да го објаснам. Ако би навлегле во вообичаената граѓанска свест, ќе забележиме делимично осветлена, удобна соба. Во едниот агол се наоѓа добро сочуван ковчег, на кој господарот на куќата е многу горд, што на секој посетител јасно му го нагласува. На него со големи букви е напишан зборот ‘патриотизам’. Отворањето на овој ковчег се смета за општествено неприфатливо. Господарот на куќата не е или е едвај свесен дека во него се кријат моралните реквизити на животинската омраза и масовните злосторства, кои во случај на војна послушно ги зема за да ги употреби. Овој ковчег, нема да го најдете во мојата собички, и би бил среќен кога и вие би сфатиле дека и ви вашиот дом повеќе одговара клавир или полица со книги, наместо некој стар мебел кој го поднесувате само затоа што на него сте се навикнале во младоста. 

Како што на сите им е познато, ја сум космополит. Колку некој човек или организација ми се блиски зависи само од тоа како ќе ги проценам нивните намери и способности. Државата, а која и припаѓам како граѓанин, игра крајно безначајна улога во мојот духовен живот. Припаѓањето на некоја држава го набљудувам како деловен однос, сличен на пример со односите со осигурителната компанија. 

Како тогаш беспомошниот поединец може да допринесе за остварување на оваа цел? Треба ли секој од нас да посвети голем дел од својот живот на политиката? Навистина сметам дека духовно зрелите луѓе во Европа направиле голема грешка запоставувајќи ги општите политички прашања. Меѓутоа, политиката не е единствената област во која поединецот може да го даде својот придонес. Верувам дека секој треба да направи се што е во негова моќ ова чувство, за кое зборував, да го скроти на таков начин што тоа нема никогаш да се претвори во проклетство за сите нас.

Секој треба да се чувствува како господар на својата чест без оглед на зборовите и делата на другите, доколку е свесен дека постапува најдобро што знае и умее. Повредата на честа, било на поединецот, било на зедницата на која припаѓаме, со зборови и дела на другите или други заедници, не постои. Моќта и алчноста треба повторно, како во старите времиња, да ги сметаме како пороци вредни за презир, баш како и омразата и воиственоста. Иако не сум склон на величење на минатото, ми се чини дека во овој битна точка сме се уназадиле. Би требало секој да работи на тоа кај него самиот или во неговото блиско окружување да се поправи ова состојба. Со тоа ќе исчезнат и катастрофите кои денес не мачат на така застрашувачки начин.

Но зошто сето ова да се каже, кога се можев да напишам во само една реченица, која како евреин баш ми одговата: Бидете верни на својот Бог, не само со зборови и песни, туку и со дела.

 

 

Превод: Попова

 

Оставете коментар