За учество во мировна мисија мито од 4.000 до 6.000 евра за македонските војници

Професионалните војници и медицинскиот персонал за да може да учествувааат во странските мисии мора да платат мито од 4.000 до 6.000 евра што е околу една една третина од нивната заработка од мисијата, рече пратеникот и лидер на ЛДП Горан Милевски, на собраниската расправа што се одржа во вторникот кога се носеше одлука за праќање на нови воени мисии во Авганистан и за во Босна и Херцеговина, пренесува Плусинфо.

Од Министерството за одбрана велат дека досега никој не пријавил дека се соочил со изнудување мито за да замине во мисија.

Инаку, лидерот на ЛДП рече дека до овие сознанија дошол во контакт со војници кои му се пожалиле за рекетот што им се прави.

– Она со што не можам да се согласам и што имам морална должност овде да го искажам е начинот на кој се решава кој да оди во тие мисии. Професионалните војници се жалат дека ако сакаат да учествуваат во мировна мисија треба да платат мито од 4.000 до 6.000 евра. Еден мировник месечно заработува 3.200, за шест месеци 19.200, нели е срамно овие луѓе што си го ризикуваат животот да се рекетираат. Корупцијата во министерството мора да се сосече. Нели ви е чудно дека едни исти луѓе од медицинскиот персонал одат во мисија по три-четири пати, а некој да не може да отиде ниту една – рече Милевски обраќајќи му се на министерот за одбрана Зоран Јолевски.

Целиот текст може да го прочитате тука…

 

Оставете коментар