За ракот на дојка, едукативно предавањe во Кавадарци

Ракот на дојка зема се поголем замав во тиквешкиот регион

Оваа недела Здружението за борба против рак “Борка“, оддржи низа активности низ Република Македонија меѓу кои и едукативни предавања за ракот на дојка во склоп на проектот “Empower Me“. Целта на овој проект е зајакнување на пациентите преку едукација и нивна активна улога во лекувањето.

Во таа насока, во домот на културата “Иван Мазов Климе” во Кавадарци, утре (19 октомври) со почеток од 17 часот ќе се оддржи стручно предавање и консултација на кое ќе бидат присутни следните говорници:

Д-р Спец. Мери Пешевска од Унивезитетската клиника за онкологија и радиотерапија.
Г-ѓа Афродита Давчевска, психолог во Здружение “Борка-за секој нов ден“
Г-ѓа Жаклина Јовановска, “Живот после мастектомија“, Жена Центар, Medicus help.

Се покануваат сите граѓани и граѓанки од општина Кавадарци и регионот да го посетат утрешниот настан, да ги слушнат стручните совети од говорниците, да поразговараат, да се отворат низа прашања на кои ќе бидат дадени соодветни одговори.

За дополните информации слободно може да се контактира координаторот на здружението за борба против рак “Борка” за овој регион, лицето Мери Петрова на телефонскиот број 072 756 660.