Yotaphone – Првиот смартфон со двоен екран

Читањето книги брзо ја исцрпува батеријата и затоа многумина мораат да купат и Киндл е-читач, чија батерија трае и до 30 часа. Јотафонот ги поседува особините и на смартфон и на Киндл во еден уред. На едната страна има ЛЦД екран на смартфон, ист како и кај сите други смартфони. Од другата страна има Е-Инк екран, погоден за читање книги затоа што не ги заморува очите како ЛЦД екранот и овозможува добра читливост на дневна светлина. Најдобро од сè, промената од ЛЦД на Е-Инк екран ја штеди батеријата. Ова е само првиот ваков уред кој се појавил на светскиот пазар и засега се продава по цена од околу 700 долари.

Оставете коментар